Post Views: 1
Помина предлог законот за употреба на јазиците во Р. Македонија од страна на Владата. Денес пред ресторанот „Лихнидос“ во Охрид премиерот Зоран Заев и Хазби Лика заменик претседател на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, ги презентираа деталите од тој Закон. Заев истакна, дека со Законот за употреба на јазиците ја унапредиле употребата на јазиците на сите заедници, како и тоа дека сите одредби во законското решение биле согласно Член 5 од Уставот од РМ. Додаде дека пакетот го пратиле на усвојување во парламентот, а откако ќе биде...
Post Views: 5
Според Законот за измени и дополнувања на законот за вработување во случај на невработеност наречен Македонија вработува 1 и 2 се вработени оклу 450 охриѓани. Во изминатите 2 години се до 27 јуни кога важел овој Закон биле искористени бенефиции при варботувањата со ослободување од плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување за млади лица до 35 години и за ослободување од персонален данок на плата. Овие бенефиции ги искористиле неколку категории граѓани. Половина се млади до 35 години, но има и лица над 58 години, како и 10 лица од ранливите категории, информира...
Post Views: 0
Глутенот е протеин кој се наоѓа во пченицата, р’жот и јачменот, а со него се поврзуваат повеќе од 50 болести и се проценува дека 99% од луѓето кои имаат интолеранција на глутен никогаш не се дијагностицирани.Ова се десет показатели зошто треба да се прекине со јадење на глутен:– Проблеми со системот за варење како што се надуеност, гасови, дијареа и запек. Запекот е последица на конзумирање глутен и најчесто се јавува кај децата.– Кератосис пиларис – нафрлање на кожата на задната страна од рацете. Тоа е резултат на недостаток на масни киселини и витамин А,...
Post Views: 1
Премиера на Битолскиот народен театар со Шекспировата комедија „Сон на летната ноќ“ вечерва на Фестивалот Охридско лето. Битолските актери претставата ја играат во режија на Џон Блондел. Ова е продолжение на соработката меѓу битолскиот народен театар и американскиот режисер. Театарскиот режисер и професор по театарска уметност на колеџот Вестмонт во Санта Барбара, Џон Блондел по трет пат се јавува како режисер по претставите „Хенри Шести“ и „Антоние и Клеопатра“. „Сон на летната ноќ“ досега ја режирал на три јазици, англиски, македонски и албански. Играта на судбината...
Post Views: 4
Слаб земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во морскиот реон меѓу селата Урануполис и Амулијани на третиот крак на Халкидики во северна Грција.
Според сеизмолошкиот центар на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, на земјотресот му претходел послаб потрес од 3,1 степени.Ова е втор земјотрес во северена Грција денеска, откако претходно околу три часот потрес со интензитет од четири степени според Рихтер го погоди реонот на Кожани. Епицентарот потресот бил на 17 километри југозападно од Кожани. Денешните земјотреси не предизвикаа...
Post Views: 0
Пчеларската бранша е исправена пред колапс, коментираат пчеларите од охридско. Причина за тоа се ниските температури кои го зафатија нашиот регион кон крај на месец април, кои не дозволија пчелите да излезат од пчелните сандаци во првите пролетни денови. Тони Јосифовски претседател на охридските пчеларски здруженија, вели дека се тоа доведе и до голема смртност на пчелната популација, што загрижува.
„Годинешнава реколта е катастрофална, станува збор за катастрофа. Последните надежи можат да изумрат кај голем дел од пчеларите. Катастрофални се приносите. Оваа година не...
Post Views: 7
Се уредува тротоарот и велосипедската патека на булевар Туристичка, наспроти музичкото училиште. Тоа е дел од програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Со неа е предвидено тротоарот од пресекот на булевар Туристичка до улицата Асном, во должина од 415 метри да биде реконструиран и да биде направен на исто ниво со велосипедската патека со што ќе се добие поголем простор, а и безбедноста на пешаците и велосипедистите ќе биде подобрена. Граѓаните велат дека добро е што тротоарот ќе се реконструира, но стравуваат дека дрворедот кој се наоѓа таму ќе...
Post Views: 19
Екс муфтијата Ферат Полиси при донесувањето на одлука за рушење на дел на џамијата бил свесен за последиците. Како што веќе информиравме, тој потег го чинеше, негово разрешување. „Ако не го преземев овој чекор на своја рака и покрај предупредувањата на повисоките структури на ИВЗ, како и разните притисоци, муслиманите од Струга ќе се збогуваа со идејата за изградба на голема џамија во градот и центар за клањање“, истакнува Полиси. Додава дека и покрај огромниот притисок што го трпеле, тие си го направиле своето.
„Но накрај ние го направивме она што требаше сметајќи...
Post Views: 9
Исправени пред предизвикот да се гради брендот на институцијата Охридско лето, за нас најважно е доследно да ја испочитуваме традицијата и домаќински да работиме. Денес кога престижниот фестивал Охридско лето го одбележува својот 57 роденден, продолжуваме да ја градиме вредноста на светското собиралиште на врвни уметници, истакна директорката на фестивалот Сузана Вренцовска.
„Многу луѓе тука на оваа фестивалска сцена оставиле свој белег и се заслужни за успесите. Охридско лето носи околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари од сите земји...
Post Views: 4
Фрапантниот податок изнесен во постот нема научна основа и претставува само дел од пошироката кампања во која на големо се агитира да не се носат заштитни маски, кои пак, доколку се носат правилно и се комбинираат со други заштитни мерки помагаат да се спречи ширењето на коронавирусот. Тврдењето коешто се споделува на социјалните мрежи како да е несоборен факт, всушност е нечие лично мислење.
Објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ тврди дека носењето маски за заштита од пренесување на коронавирусот, кај децата предизвикале доцнење на развојот на говорот и дека ова се...
Post Views: 5
50- тина стечајци од два ДОЕЛИ од поранешно „АД ЕМО “, фирма со државен капитал, бараат да бидат опфатени со новиот закон за обештеување на стечајците. Тие со отвoрање на стечајнатa постапка во април ова година имаат поднесено побарувања за неисплатени плати и придонеси и нивната постапка е во тек. Но апелираат да бидат опфатени и во новиот закон за обештетување на стечајци, вели Миле Крстаноски поранешниот претседател на синдикатот на капитално поврзаните друштва во АД Емо.
„ Планирано е со дополнителна фаза да ги опфати и другите и апелираме до владеачкото мнозинство...
Post Views: 1
Врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, Владата донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели, и ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено.
На оваа своја седница Владата го разгледа Извештајот на ЈП Национални шуми за штетите од пожарите заклучно до 15 август и во него се констатира дека од вкупно 9.907 хектари зафатени со пожарите, 8.803 хектари...