Post Views: 3
Таксиметарот на дел од охридските таксисти работи по „странски“ тарифи. Не прекинуваат поплаките на туристите но и на охриѓани упатени до такси превозот во градов посебно за односот на неколку „нервозни“ таксисти кои бараат баснословни суми за превоз до атрактивните дестинации, Св Наум, Градиште, Љубаништа, Пештани.. Дел од коментарита на корисниците на такси превозот во градов допреа и до нас како медиум. Тие бараат јавно да ги посочат таксистите на кои стартот им е 100 денари, со што укажуваат дека се прекршува одлуката на Советот на општина Охрид која има одобрено...
Post Views: 0
Скутерите, најпроблематична категорија во водниот сообраќај на Охридското Езеро. Од почетокот на овој месец инспекторите за внатрешна пловидба при Капетанија на Пристаништата на Р. Македонија изрекле 5 прекршочни пријави, од кои поголемиот дел се однесуваат за скутерџиите кои не ја почитуваат Одлуката на Влада за ограничување од 11 до 19 часот како и за претовар на патници посебно во рекреативните чамци, пренесува Горан Устијаноски, капетанот на Капетанија на Пристаништа на Р Македонија.
„Капетанијата максимално добро си ја врши работата. Задоволни сме од она што го...
Post Views: 1
Кризите во Европа и како за истите пренесуваат медиумите е една од темите на која голем број на студенти од неколку уневрзитети од Европа, Македонија, Србија и Албанија деновиве дискутираат во Охрид. Во рамки на овој проект кој се реализира неколку години, професорите и дел од студентите остварија посета на Регионалната ТВМ ТелевизијА.
„Мислевме дека би било интересно да се задржиме на неколку актуелни проблеми, како мигрантската криза, потоа како што разбравме преку германските медиуми за влијанието на лажните вести и информации, за политичките одлуки и изборите, па...
Post Views: 4
Фондот во сопственост на влијателниот милијардер Џорџ Сорос ги продаде мнозинството акции на кинеската компанија за интернет трговија Alibaba, известуваат светските медиуми.Soros Fund Menagement сега има само 60.000 акции на таа кинеска компанија вредни 4,88 милиони долари, пренесува BBC, повикувајќи се на извештаите доставени до американскиот регулатор. Заради споредба, на крајот од март месец фондот имал акции во вредност од 370 милиони долари.Акциите на Алибаба излегоа на берзата во Њујорк во септември минатата година, а рекордната цена ја достигнаа во ноември за...
Post Views: 2
Венцислав Ајдарски од Бугарија е победник на првиот Меѓународен Олимписки Пливачки Маратон на 10 километри што денеска за првпат се одржа во Охридското Езеро. Тој беше најбрз од дванаесетмината пливачи од 6 земји, кои точно на пладне влегоа во водите на Охридското Езеро на Градскот Кеј кај старото пристаниште.
Условите за овој маратон беа идеални, исто и организацијата, водата беше прекрасна. СЕ чуствувам многу убаво после испливаната десет километарска патека и повторно би дошол да пливам на овој маратон, рече првопласираниот,Венцислав Ајдарски.
Боите на Македонија...
Post Views: 0
Полицијата утрово почна акција за приведување на осомничени во врска со исчезнувањето на вредни предмети со културно историско значење од Музејот на Македонија, соопштија за МИА од МВР.
Според првичните информации, приведени се актуелниот и еден од поранешните директори на Музејот на Македонија.
Во истрагата беше констатирано дека недостасуваат 166 вредни предмети од културно историски значење. Истрагата покажа дека изнесувањето на предметите траело подолго време и во него биле вклучени лица од внатре.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Викендов нашиот град во знак на „Фестивалот на вино и сирење“. Продолжува традицијата македонските винарски визби, млекарници и индивидуални производители на сирење, на едно место, на неколку штандови на плоштадот Крушевска Република во Охрид да ги презентираат своите производи пред туристите и останатите посетители. Заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев вели дека оваа манифестација е само продолжение на бројните активности кои ги организираат заедно со граѓаните.
„Денес сме сведоци на спојување на два вкуса две убавини, убавината на виното и сирењето...
Post Views: 1
„Твое е само она што ќе им го дадеш на другите“. Овој стих на Живко Чинго стои врежан на плоча во атарот на црквата Св.Петка во Велгошти. По повод роденденот на големиот поет утре во прекрасниот амбиент пред неговата спомен биста, веднаш под црквата Св Петка, традиционално ќе се одржи Денот на Живко Чинго. Ѓоко Чингоски од Месната заедница Велгошти, вели дека цели 3 децении достојно и со гордост го величаат неговото дело, но сепак скромно, бидејќи оваа манифестација сеуште не е во програмата на Министерството за култура каде што и е местото.
„Ние се трудиме како месна...
Post Views: 3
Од денес, па во наредниве три дена, Струга во знакот на „ГОДИНА НА ЕСЕЈОТ“. Оваа реномирана меѓународна литературна манифестација по шести пат се одржува во поетска Струга, а е во организација на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“. Денес потомците на браќата Миладинови, положија букет цвеќе пред бистата, која се наоѓа пред спомен домот на познатите македонски преродбеници, а со тоа и официјално започна Годината на Есејот. Ристе Миладин потомокот на браќата годинава се обрати со нови стихови пред присутните.
„Јас како потомок по четвртото колено од родословието...
Post Views: 5
Собирање на училишни торби, тетратки и друг школски прибор за првачиња е новиот проект на волонтерите од Клубот на млади при охридскиот ЦК. Младите активисти од оваа организација ги повикуваат сите хумани луѓе да се приклучат на акцијата намнета за првчињата од Охрид и Дебрца. Ова не е прв пат волонтерите да организираат донаторска акција за децата кои прв пат влегуваат во училишните клупи, информира Ѓоко Маркоски од Клубот на млади.
„Во изминатите години сме помагале на одредени деца со школски прибор, но сега се одлучивме за помасовна акција за да се мобилизираат повеќе...
Post Views: 1
На 23-ти август 2021 година, во 20:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 40-годишниот М.Т. од Република Турција, со живеалиште во САД.
Истиот ден, во 19:00 часот во куќата на родителите на неговата сопруга, 39-годишната С.А. од САД, по претходна семејна расправија, физички ја нападнал неа и со остар предмет им се заканил на сите присутни во куќата. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот – информираат од МВР.
Post Views: 12
Матурантите од охридската гимназија синоќа и официјално се простија со нивните средношколски денови и со оваа образовна институција во која ги поминаа можеби најубавите години од нивниот живот. Со традиционално фрлање на капите и свечено доделување на дипломите тие ставија крај на едно поглавје во кое многу научија, но и си ги отворија вратите за уште многу да учат и да се надоградуваат и како личности, но и професионално. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој на матурантите им порача секогаш да бидат оптимисти, да веруваат во своите потенцијали...