Џорџ Сорос ги продаде акциите на Alibaba а купува во Facebook

Фондод во сопственост на милијардерот Сорос ги продаде акциите од Alibaba

 |  инфодеск  | 

Фондот во сопственост на влијателниот милијардер Џорџ Сорос ги продаде мнозинството акции на кинеската компанија за интернет трговија Alibaba, известуваат светските медиуми.
Soros Fund Menagement сега има само 60.000 акции на таа кинеска компанија вредни 4,88 милиони долари, пренесува BBC, повикувајќи се на извештаите доставени до американскиот регулатор. Заради споредба, на крајот од март месец фондот имал акции во вредност од 370 милиони долари.
Акциите на Алибаба излегоа на берзата во Њујорк во септември минатата година, а рекордната цена ја достигнаа во ноември за во меѓувреме да потонат за 37%.
Минатата недела компанијата ги разочара аналитичарите на Wall Street со тромесечните резултати со само 28% раст на приходите во последните три месеци, најспор во трите последни години.
Фондот на Сорос ги продал и акциите од кинескиот интернет пребарувач Baid, а купувал акции во Time Warner и во Facebook.
Инвеститорот и филантроп Џорџ Сорос се најде оваа година на второто место на листата менаџери на Forbes на hedge фондовите со заработени 1,2 милијарди долари во 2014 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top