Студенти од филолошки универзитети од Европа и регионов во посета на ТВМ ТелевизијА

Посетата претставува дел од реализација на проект во кој студентите вршат лингвистична анализа на новинарските текстови, учат за за влијанието на лажните вести и информации, како и за самиот процес на креирање на новинарските стории.

 |   | 

Кризите во Европа и како за истите пренесуваат медиумите е една од темите на која голем број на студенти од неколку уневрзитети од Европа, Македонија, Србија и Албанија деновиве дискутираат во Охрид. Во рамки на овој проект кој се реализира неколку години, професорите и дел од студентите остварија посета на Регионалната ТВМ ТелевизијА.

„Мислевме дека би било интересно да се задржиме на неколку актуелни проблеми, како мигрантската криза, потоа како што разбравме преку германските медиуми за влијанието на лажните вести и информации, за политичките одлуки и изборите, па мислевме дека ќе биде убаво ако за овие теми продискутираме со младите луѓе, во врска со локалните проблеми. Кризите во Европа е широк поим, но во овој случај сакавме да видиме што се случува тука и на кој начин се вклучени студентите“ објасни проф. Јозеф Шмит – Унивезрзитет „Кемниц“ -Германија.

Професорот Шмит објасни дека самиот концепт на поимот „криза“ ќе биде дефиниран од страна на студентите според нивните искуства стекнати и научени од самите работилници во рамки на проектот, но од нивна универзитетска гледна точка.

„Сега на работите гледам од друга перспектива, иако доаѓам од сосесдтвото сега добив повеќе информации за тоа како се работи во медиумите во Македонија, за културата секако, а со самата посета на вашата телевизиска куќа сфатив како воопшто функционира новинарството, навистина беше интересно“.

„Разменивме многу искуства од другите држави за тоа како новинарите таму прибираат информации и ги нудат во јавност“ потенцираа Стиви Стефани – Фиер Албанија и Кеверска Милка – ФТУ Охрид.

Проектот е финансиран од страна на Германскиот академски сервис за размена на студенти, во соработка со голем број германски универзитети и нивните регионални партнери, универзитетите и факултетите во Валона, Охрид , Битола, Скопје и Ниш.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top