Апр 8, 2014

Се гради современо фудбалско игралиште адут за развој на спортски туризам

На дел од спортските терени на Билјани извори започнаа подготовки за поставување на вештачка трева на фудбалско игралиште. Неговите  димензии се 110 на 80 метри и ќе ги задоволува стандардите на ФИФА И УЕФА, информира општинскиот портапрол Томе Џамтоски. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет. „ Целата инвестиција е во висина од 250.000 евра со тоа што тренажните работи ги врши Локалната самоуправа, а вештачката трева е донација на фудбалсат федерација на Македонија. Деновиве ќе биде ангажирано и стручно лице кое ќе помога во поставување на вештачката трева.“ Со реализација на оваа и…

Апр 27, 2021

После цели 25 год се асфалтираат уличките во Градските гробишта

Средствата за овој зафат се издвоени од буџетот на општина Охрид. Во завршна фаза е и реконструкција на улицата „15ти Корпус“ која води кон градските гробишта. Оваа улица е една од најфреквентните улици во градот, а нејзината лоша состојба го забавуваше текот на сообраќајот. Градежните активности треба да завршат во јуни со што ќе се олесни пристапот до гробиштата и инфраструктурно ќе се реши и овој дел од градот.

Апр 8, 2014

Социјалната политика во фокусот на политичките препукувања

Социјалната политика, тема на прес конференцијата на кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Сашо Василески.  Тој направи ретроспектива на мерките кои Владата на Р.Македонија ги презела од 2006 год за ранливите категори. Василески напомена дека само постојаната парична помош досега била зголемена за 46%, се реализирала мерката за вработување на 1600 лица во јавната администрација од социјално ранливата категорија и многу други мерки. Тој кажа дел од мерките кои Владата на ВМРО – ДПМНЕ планира да ги спроведе во наредниот период за подобрување на животот на ранливите категории на г…

Апр 8, 2014

Од ОО на СДСМ обвинуваат дека ВМРО ДПМНЕ им се заканува на вработените во јавната администрација

Вработени во јавната администрација и здравствени и образовни институции во Охрид приморани и уценети од партиското раководство на ВМРО ДПМНЕ да носат сигурни гласачи на престојните избори, обвинуваат од ОО на СДСМ. Од таму велат граѓаните да не се чудат доколку на роденден, слава, визита или на кафе им се појават на врата новопримени наставници, професори, негователки, лекари, медицински сестри или службеници од локалната самоуправа или од јавните претпријатија, кои го нудат отчетот на Ѓорге Иванов или агитираат за ВМРО. Додаваат дека тие не по нивна вина се приморани да го чинат тоа.-Со о…

Апр 8, 2014

Молк од ЛС за работата на општинскиот инспекторат

Прашањата кои ТВМ се обиде да ги добие поврзани со  ефикасноста во  работењето на општинскиот инспекторат наидоа на молк од Локланата самоуправа. Како  вчера така и денес ниту секретарот Димитар Спасески ниту портпаролот Томе Џамтоски не излегоа пред камера со одговори на нашите прашања.  Иако портпаролот Томе Џамтоски вети дека ќе ни обезбеди информации  во врска со нашите прашања во интерес на јавноста тоа не се случи. Образложението беше дека портапролот не ги добил потребните информации од лицата во инспекторатот. Инаку ТВМ  вчера  ја отвори темата – како по настанатите промени во општи…

Апр 8, 2014

Централната градинка „Јасна Ристеска“ ќе се реконструира

Централната градинка „Јасна Ристеска“ ќе се реконструира со пари од Светска банка. Директорката на градинаката Розе Костоска вели дека централниот објект ќе биде реновиран комплетно и дека за тоа ја имаат целокупната потребна докумнтација. -Ќе се менува покривната конструкција, санитарните јазли, надворешната и внатрешната дограма и фасадата со што градинката ќе добие нов, современ и поефикасен лик. Ќе се менува и електричната инсталација која во многу случаи знае да ни направи проблем, вели директорката. За останатите три објекти во тек е подготовката на проектната документација, освен за …

Апр 8, 2014

Утре промоција на Фото книгата „Три рефлексии на погледот“од Зоран Вељаноски – Летра

Утре ќе се случи промоција на најновото дело на охриѓанецот Зоран Вељаноски Летра, книгата „Три рефлексии на погледот“.Во предговорот на делото, истакнатиот охридски поет Славе Ѓорѓо Димоски , ќе напише:„Овие фото-записи на Зоран Летра далеку се од едноставно (от)сликување на она што е пред (или при) очи, фаќање  мигови и физички пренесување; овде се претставува еден посебен концепт во кој се огледуваат автопоетичките точки на едно фотоистражување на Охрид од неколку аспекти: историски расцвет и свет, охридската фасада, магичноста и мистичноста на праисториската вода. Занимливо е да се забе…

Апр 8, 2014

Започнува пребројувањето на пчелините друштва во охридско

Ветеринарна станица Прима Вет с. Требеништа, од Охрид  информира дека започна  редовниот пролетен  попис на презимени  пчелини друштва.Сите регистрирани пчелари можат да ја пријават бројната состојба во Ветеринарната станица во Требениста заклучно со 15.04 2014.Поднесувањето на бројната состојба е задолжително, а е  услов и за субвенционирање на пчеларството за 2014 година. {loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top