• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Утре промоција на Фото книгата „Три рефлексии на погледот“од Зоран Вељаноски – Летра

Утре промоција на Фото книгата „Три рефлексии на погледот“од Зоран Вељаноски – Летра

Утре ќе се случи промоција на најновото дело на охриѓанецот Зоран Вељаноски Летра, книгата „Три рефлексии на погледот“.

 |  Голабовски Крсте  | 
kniga
книга

Утре ќе се случи промоција на најновото дело на охриѓанецот Зоран Вељаноски Летра, книгата „Три рефлексии на погледот“.

книгаВо предговорот на делото, истакнатиот охридски поет Славе Ѓорѓо Димоски , ќе напише:

„Овие фото-записи на Зоран Летра далеку се од едноставно (от)сликување на она што е пред (или при) очи, фаќање  мигови и физички пренесување; овде се претставува еден посебен концепт во кој се огледуваат автопоетичките точки на едно фотоистражување на Охрид од неколку аспекти: историски расцвет и свет, охридската фасада, магичноста и мистичноста на праисториската вода. Занимливо е да се забележи и неговиот однос кон природата и фото-претставите за неа. Мислам дека тој прави вонреден напор фотографијата сама да се избори за да стане модел на стварноста, природата непосредно да му позира и да му  наметнува своја содржина, а тој само да ја надградува со своите знаења и вештина.

Оваа книга ни го причинува задоволството низ магичното фото-око на Зоран Летра да го обгрлиме Охрид со еден посебен поглед на целина која комплетно му припаѓа на градот и на неговата внатрешна биографија. Таа целина ќе ја согледаме низ три рефлексии.“
 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top