Молк од ЛС за работата на општинскиот инспекторат

Молк од ЛС  за работата на општинскиот инспекторат

 |  Валентина Неловска  | 
општина охрид
opstina ohrid

Прашањата кои ТВМ се обиде да ги добие поврзани со  ефикасноста во  работењето на општинскиот инспекторат наидоа на молк од Локланата самоуправа. Како  вчера така и денес ниту секретарот Димитар Спасески ниту портпаролот Томе Џамтоски не излегоа пред камера со одговори на нашите прашања.  Иако портпаролот Томе Џамтоски вети дека ќе ни обезбеди информации  во врска со нашите прашања во интерес на јавноста тоа не се случи. Образложението беше дека портапролот не ги добил потребните информации од лицата во инспекторатот.
Охрид
Инаку ТВМ  вчера  ја отвори темата – како по настанатите промени во општинскиот инспекторат  сега е организациски поставена работата на инспекторатот.  Останавме покуси за одговори на прашањата :

– Кој е раководител на инспекторатот, а кој го заменува во неговото одсуство и по чии наредби работат овластените инспектори?
– Колку инспектори има во 4-те одделенија на инспекторатот во туризам, екологија, градежништво и комунално?
– Кои се надлежностите на градежните инспектори и каде граѓаните може да пријавуваат незаконитости, колку забрани досега градежните инспектори издале за недозовлени градби?
– Како општинските градежни инспектори соработуваат со колегите од Министерството за транспорт и врски и со Завод и музеј, посебно за градбите во старото градско јадро.
– Колку решенија издале инспекторите од екологија и туризам, а колку комуналните редари?
– Зошто градот ефикасно не се справува со дивите тезги поставени околку пазарот и езерскиот кеј?

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top