• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Од ОО на СДСМ обвинуваат дека ВМРО ДПМНЕ им се заканува на вработените во јавната администрација

Од ОО на СДСМ обвинуваат дека ВМРО ДПМНЕ им се заканува на вработените во јавната администрација

Од ОО на СДСМ обвинуваат за отворени закани за санкции кои се вршат од страна на општинското партиско раководство на ДПМНЕ кон вработените во јавната администрација со што вработените се приморани до своите претпоставени да им носат списоци со „сигурни“ гласачи.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sdsm
сдсм

Вработени во јавната администрација и здравствени и образовни институции во Охрид приморани и уценети од партиското раководство на ВМРО ДПМНЕ да носат сигурни гласачи на престојните избори, обвинуваат од ОО на СДСМ. Од таму велат граѓаните да не се чудат доколку на роденден, слава, визита или на кафе им се појават на врата новопримени наставници, професори, негователки, лекари, медицински сестри или службеници од локалната самоуправа или од јавните претпријатија, кои го нудат отчетот на Ѓорге Иванов или агитираат за ВМРО. Додаваат дека тие не по нивна вина се приморани да го чинат тоа.сдсм

Со отворени закани за санкции кои се вршат од страна на општинското партиско раководство на ДПМНЕ кон вработените во јавната администрација, вработените се приморани до своите претпоставени да носат списоци со „сигурни“ гласачи. Во прилог на ваквата омаловажувачка и потценувачка практика, ДПМНЕ од болниците, училиштата, градинките и општината направи свои партиски штабови каде се сее страв меѓу вработените. Заканите и притисоците кон вработените се јасни – или со сила ќе најдете и ќе донесете гласови за ДПМНЕ, или мислете му ја за вашето работно место. Достоинството на овие луѓе е спаднато на најниско можно ниво, но стравот кај нив од губење на работното место, најчесто поради нерешениот работен статус, е поголем од чувството за гордост и одважност. Тоа им го прави ДПМНЕ и на сопствените членови и симпатизери, вели Александар Кузески портпарол на ОО на СДСМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top