Фев 21, 2022

30-годишен охриѓанец загина во сообраќајна несреќа кај Подмолје

На 21.02.2022 година во 00:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила со охридски регистарски ознаки: „Ауди” управувано од М.Л. (24) од селото Белчишта, општина Дебрца и „Фолксваген Поло”, управувано од Х.К. (30) од Охрид. На местото на несреќата починал возачот Х.К., а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт додека, М.Л.-возач на возилото „Ауди” се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо”. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Увид на …

Фев 10, 2022

Охриѓанец се однесувал агресивно кон полицајци во близина на казино на ул. „Абас Емин“

На 10.02.2022 во 00:10 часот во СВР Охрид приведен е А.Н. (42) од Охрид кој претходно, во близина на казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Дек 23, 2021

СВИКАНА ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Свикана шестата седница на Советот на општина Охрид на ден 29.12.2021 година (среда) со почеток во 09:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. На дневниот ред на ова издание на седницата ќе се најдат следните точки: Предлог-програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2022 година. Предлог-програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година. Предлог-развојна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2022 – 2024 година. Предлог-програма за финансиските потреби на терит…

Фев 21, 2022

Казнети 27 возачи на подрачјето на СВР Охрид за возење под дејство на алкохол

На 19/20.01.2022 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, 27 возачи се затекнати при управување моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-04, Кичево-14, Дебар- 01). Tие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – се вели во соопштението наа СВР Охрид.

Фев 9, 2022

BeeNet.mk ги поврзува локалните производители на мед со купувачи од целата земја

Најголем број од локалните одгледувачи на пчели, медот го продаваат од куќен праг. Со Правилникот за ваква продажба кој почна да се применува од септември 2019 година на производителите на мед и пчелни производи им се даде можност да вршат директна продажба на крајните потрошувачи на целата територија на државата со соодветни ознаки и информации за потеклото и составот на производот. Но потрагата по купувачи им одзема на пчеларите добар дел од времето кое место на пчелите треба да го посветат на маркетинг, рекламирање преку интернет и други начини на пласирање на медот. Се рекламираме на…

Дек 23, 2021

ДЕВЕДЕСЕТ И СЕДУМ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ОХРИДСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР И ВОЈВОДА ПЕТАР ЧАУЛЕВ

Денес се навршуваат деведесет и седум години од убиството на Петар Чаулев, македонски револуционер и војвода учесник во Илинденското востание како раководител на Охридскиот револуционерен комитет. Чауле бил потписник на Мајскиот манифест во 1924 година, со кој се бара Македонија да биде независна политичка единица во рамките на поширока Балканска федерација. Бил учесник во Балканските војни и Тиквешкото востание, а раководел и со Охридско–Дебарското востание во 1913 година. Петар Чауле е роден во Охрид на 18 декември 1881 година, а убиен е во Милано на 23 декември 1924 година од страна …

Фев 21, 2022

Кривична за охриѓанец поради нелегално поседување на ловна пушка и куршуми

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А.(39) од Oхрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”. При извршен претрес во неговиот дом во охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа ловна пушка марка „Црвена Застава”, калибар 12 милиметри и 11 куршуми, што нелегално ги поседувал – информираат од СВР Охрид.

Фев 9, 2022

Охрид ќе добие Центар за нега на стари и лица со попреченост

Наскоро охриѓани ќе добијат Центар за нега на стари и лица со посебни потреби. Има голема побарувачка за нега во домашни услови за овие наши сограѓани, а општинската организација на Црвен крст организира стручна обука за негуватели кои може да ги понуди според потребите, информира Сашо Точков, претседател на ОО ЦК. Досега се направени две обуки со лица кои се стекнале со меѓународен сертификат верифициран од Министерството за образование и кои може да се вклучат во функционирањето на центарот. Имаме 14 негуватели да пружат услуги. Се надеваме според пријавите досега дека ќе обучиме уште …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top