Ное 14, 2014

Започнува акцијата на „Охридски Комуналец“ за подигање зелен отпад

Утре на 15-ти ноември 2014 година ЈП „Охридски Комуналец” ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини во Урбаната заедница „Даме Груев“ и Урбаната заедница 10 односно кај комплексот згради „Христо Узунов“, „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Мала“.Се молат граѓаните кои живеат во овие урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Работната единица „Механизација” на телелефон 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од претпријатието благовремено да го подигнат.Зел…

Јун 2, 2021

WizzAir ги враќа летовите од Охрид и Скопје

Нискобуџетната авиокомпанија WizzAir, почнувајќи од 23-ти мај започна со постепено отворање на седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома, Скопје и Охрид. Земји во кои WizzAir повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска, односно Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе/Баден-Баден и Малме. Поради ковид-пандемијата во текот на минатата година авиокомпаниите ги намалија летовите, но со тековниот летен ред на летање повторно ги враќаат.

Ное 13, 2014

Локалната задоволна од остварените приходи, опозицијата смета дека се кастрат развојните програми

Проектираниот буџет на општина Охрид денес намален за 21 процент во однос на она што било замислено. Од локалната самоуправа причината за тоа ја гледаат пред се во неможноста во оваа фискална година да ги добијат на општинска сметка парите од добиениот кредит од Светска банка.„Она што можам да кажам за буџетот на општина Охрид е дека буџетот е стабилен, од приходната страна сме апсолутно задоволни во секоја смисла. Имаме мало потфрлање на две ставки како што знаете подолго време надоместокот за уредување на градежно земјиште не ги дава очеквуаните и проектираните резулати, а другото најголе…

Ное 13, 2014

Основците 3 ден без струја, локалната бара „чаре“

Опозицијата во градскиот совет, на почетокот на денешната седница, предложи итна расправа за состојбите во ОУ „Григор Прличев“. Побараа   информација од службите на градоначалникот за настанатиот проблем.  Со 8 гласови „За“ и 13 „Воздржан“, советот не го прифати предлогот. Димитар Спасеки , секретарот на локалната самоуправа, за медиумите изјави  дека работат на 2 акциони планови за одблокирање на сметаката на училиштето. Уште вчера се воделе преговори со адвокатските тимови на сопствениците кои ја блокирале сметката  и можноста за времено одблокирање на сметката. Потенцира дека се обезбеде…

Ное 13, 2014

Охридските гимназијалци се покажаа на сцена

Сценски импровизираниот охридски чинар ја раскажа „разгледницата за Охрид“. Сите приказни кои се плетат под неговите гранки, од љубовни, озборувачки и што уште не, ги пренесоа охридските средношколци од ОСУ „Св Климент Охридски“ во истоимената театарска претстава „Разгледница за Охрид“. Од тука произлезе и пораката дека креативноста, соработката и прифаќањето на разликите се двигател за меѓусебно разбирање и соживот. Раководителот на проектот на УСАИД за меѓутничка интеграција во образованието, Небојша Мојсоски, истакна дека нивните очекувања биле исполнети, а целта на реализација на проект…

Ное 13, 2014

Центарот за депресија во Охрид засега e само идеја.

Проектот за формирање на центар за депресија засега е само на ниво на идеја. Првите луѓе на Здравствен дом Охрид, д-р Митко Дабески и д-р Љубен Арнаудов, од Општа болница, велат дека до нивните институции непристигнале никакви конкретни инструкции од ресорното министерство.Д-р Дабески од Здравствен дом за ТВМ со кус коментар дека нивната установа може да обезбеди само просторија во Маларична,  но не и специјализиран кадар. Нивната установа нема психијатар. Во  Општа болница пак, подолго време се соочуваат со дефицит на ваков стручен кадар. Иако од ресорното министерство најавија дека ваквит…

Ное 13, 2014

Руски олигарх, поранешен офицер на КГБ, слета во Охрид

Денеска во 12 часот од Москва со директен лет до Охрид, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, слета рускиот олигарх, Николај Токарев.Токарев, кој наводно бил поранешен офицер на КГБ кој еден период бил на служба во Источна Германија, на аередромот бил пречекан од Миле Зечевиќ, поранешен директор на Управата за контраразузнавање и безбедност на Република Македонија. Зечевич и Токарев се упатиле кон Дебар.Инаку Токарев моментално е претседател на руската компанија за дистрибуција на гас, Транснефт. Неговото име во неколку наврати се поврзува со сегашниот руски претседател Владимир Путин,…

Ное 13, 2014

Детското одделение при Општа болница ќе добие медицинска опрема

Ротари клубот Охрид го привршува Глобалниот грант бр. 1420286 „Медицинска опрема за Детското оделение при Општата болница во Охрид“ во вредност од 40.245 евра, реализиран со поддршка на Ротари Фондација на Ротари Интернешнл и клубови од Италија, Шведска и Србија. На 18-ти ноември охридските ротаријанци ќе извршат примопредавање на опремата, чин на кој е најавено и присуството на членовите од ротари клубовите од Италија,Шведска и Србија. {loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top