„Лето без пожари“ е мотото под кое СВР Охрид отпочнува со реализација на низа зајакнати мерки од превентивен но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. Во таа насока, СВР Охрид, најнапред ќе отпочне со серија средби со граѓаните на целото подрачје. Полициски службеници од отсекот за превенција ќе имаат работни средби со претставници од сите месни заедници во општината Дебарца на теми од превентивното делување за заштита од пожари на отворен простор, јакнење на свеста за заштита од пожари и информирање на населението. Во соработка со те…
Како резултат на меѓусебната успешна соработка со ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски’’ во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид за група заинтересирани ученици беше организирано едукативно предавање под наслов: ,,Битово – социјални драми со мотиви од печалбарскиот живот“.
Во предавањето беа опфатени познатите македонски автори Антон Панов и Ристо Крле кои имаат посебно историско и национално значење како личности заслужни за развојот и континуитетот на македонската литература и македонскиот театар на чии сцени биле и се поставувани овие битови драми.
Предавањето го подготови и одржа библиотекарот…
Стратегијата за долгорочен развој на туризмот прескапа за општина Охрид. Овој исклучително важен документ се најавува неколку години наназад, но барем досега истиот не е изработен. Според градоначалникот Никола Бакрачески, ова бил еден од приоритетите на локалната поставени уште на почетокот на мандатот, но досега ниту една институција од Македонија не пројавила интерес и желба да ја изработи стратегијата. Во преговори со неколку странски консултантски куќи пак, референтната цена која локалната ја добила за изработка на стратегијата ги надминувала можностите на општинскиот буџет.
„Според р…
Граѓаните ќе добиваат сертификат доколку прележале Ковид-19 во последните девет месеци и се регистрирни како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата вакцинација.мк. Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство. Според најновите податоци на здравствените лица, за да се спречи ширењето на вирусот потребно е да се постигне имунитет на 80-85 отсто кај населението. Од министерството за здравство ќе ги мотивираат граѓаните да се вакцинираат во текот на летото, со спроведување на теренска в…
Уште недоизградена, новата пешачка рекреативна патека несовесни возачи ја користат како сообраќајница. Изминативе денови поголем број на граѓани реагираат на оваа негативна појава споделувајќи слики и видеа на социјалните мрежи. Оваа практика на охриѓани ја забележале и од локалната самоуправа од каде велат дека во најскоро време ќе бидат преземени мерки.
„Седум-осум дена и до нас стигнуваат поплаки од совесни и загрижени граѓани дека пешачко рекреативната патека кај Студенчишта ја користат и автомобили. Она што ние следува да го преземеме во најкус можен рок е поставување на соодветна соо…
Дејан Блажески, советник од ЛДП укажува на една појава во охридските јавни претпријатија , во која раководителите праќале вработени на 70 % ,а на нивно место ангажирале подобни работници. „ Знае ли градоначланикот колку работници од охридксите ЈП раководителите испратиле, условно кажано, неподобни луѓе на 70 посто, а истовремено ангажираат други луѓе. Кoристејќи ги прaвните лавиринти дека им требаат друг кадар на моменти прават несовесни постапки“, тврди Блажески.Градоначалникот изненаден од ваквото посочување и допрва ќе испитува што се случува во ЈП односно дали во ваквите наводи има …
Нема земја каде што не постои корупција, затоа што неа ја прават луѓето, па затоа е потребно да се работи таа да се спречи, открие и процесуира, кажа Марин Мрчела претседател на европската организација за борба против корупцијата ГРЕКО и судија во Врховниот суд на Хрватска на дводневната обука за судии и обвинители на тема „Антикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција“, што се одржува во Охрид. На конференцијата на која акцент се става на корупцијата во јавниот сектор и вмешаноста на политичари, пратеници, судии, обвинители и други носители на јавни функции беше…
Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, денес во работна посета на подрачната единица на фондот во Охрид. Тие остварија средба со осигурениците и со нивните вработени, со цел како што кажа директорот Стефаноски, дирекно во разговор да ги детектираат евентуалните проблеми и тесни грла во работењето на ФЗО, а во исто време и да ги отстранат, со исклучок на оние проблеми за кои треба системски промени. „Исклучително важно ни е, еден од нашите стратешки приоритети како менаџмент на Фондот е да направиме се што е во наша моќ да ги направи…