• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Граѓаните кои прележале Ковид ќе добијат сертификат кој ќе може да го користат за патување

Граѓаните кои прележале Ковид ќе добијат сертификат кој ќе може да го користат за патување

Сертификати за лица кои прележале Ковид во последните девет месеци ќе се издаваат од министерството за здравство. Надлежните велат дека е потребна масовна имунизација за да се стекне колективен имунитет.

 |   | 

Граѓаните ќе добиваат сертификат доколку прележале Ковид-19 во последните девет месеци и се регистрирни како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата вакцинација.мк. Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство. Според најновите податоци на здравствените лица, за да се спречи ширењето на вирусот потребно е да се постигне имунитет на 80-85 отсто кај населението. Од министерството за здравство ќе ги мотивираат граѓаните да се вакцинираат во текот на летото, со спроведување на теренска вакцинација што ќе започне пред 20-ти јули, пред евентуалниот продор на Делта мутацијата од Ковид-19 наесен.

„Искрено верувам дека интересот ќе се зголеми. Ние ќе се обидеме на овој начин преку теренска вакцинација да што полесно допреме до што поголем број на граѓани. Сега ги знаеме точно бројките колку се аплицирани, колку луѓе чекаат по градови. Најмногу во овој момент, освен во Скопје околу 50.000, има во Битола околу 15.000, во Тетово 14.000, и во сите други градови, меѓутоа верувам дека ќе порасне интересот. Доволно е граѓаните да се пријават на сајтот“- рече министерот за здравство Венко Филипче.

Надлежните уверуваат дека сите вакцини кои се одобрени од СЗО и другите авторитети штитат и до 95% од тешки симптоми на болеста и од смртен исход.

„Тотално е неважно дали ќе се вакцинирам со вакцина која има 60 % или 70 % ефикасност или со 95 %. Дефинитивно на терен тоа го викаме ефективност, ситуацијата е нешто сосема друго. Вакцините нема да дозволат тешки симптоми и умирања што е најважно нели“.-вели епидемиологот Драган Данаиловски.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вчера во нашава земја пристигнаа 500.000 дози вакцина од кинескиот производител „Синовак“ која се аплицира во две дози.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top