ФЗОМ: Ја зголемуваме грижата за нашите осигуреници во Охрид

Директорите на ФЗОМ, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, заедно со стручниот тим на Фондот, денес беа во посета на подрачната единица во Охрид. Тие поголемиот дел од работната средба ја поминаа со вработените и со осигурениците каде имаа можност да ги слушнат нивните дилеми, предлози и прашања, во рамки на новиот проект „Директорите на ФЗОМ директно со осигурениците“.

 |  Николоска Биљана  | 

Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, денес во работна посета на подрачната единица на фондот во Охрид. Тие остварија средба со осигурениците и со нивните вработени, со цел како што кажа директорот Стефаноски, дирекно во разговор да ги детектираат евентуалните проблеми и тесни грла во работењето на ФЗО, а во исто време и да ги отстранат, со исклучок на оние проблеми за кои треба системски промени.

Исклучително важно ни е, еден од нашите стратешки приоритети како менаџмент на Фондот е да направиме се што е во наша моќ да ги направиме нашите осигуреници задоволни и да ја добиваат услугата од Фондот брзо и на транспарентен начин, Важни ни се и наштие вработени затоа што сметаме дека само со задоволни вработени може да се постигнат овие работи“ – вели Стефаноски.

Охрид како центар на туризмот е специфичен од повеќе аспекти но истовремено и значаен за Фндот, нагласува Стефаноски. Појаснува дека во Охрид престојуваат два типа туристи, домашни и оние кои во летниот период се преселуваат и живеат во Охрид. За нив, Стефаноски нагласи дека мора да биде обезбедена навремена и брза здравствена заштита и во секое време да можат да го обезбедат лекот во аптеките низ Охрид, како и да можат да ги користат услугите на здравствените установи.

„Понудата покрај туристичка треба да биде и грижа за здравјето на нашите осигуреници. Меѓу другото и за тоа разговаравме денес, да видиме дали нашите служби и генерално здравството во Охрид е на ниво да одговори на луѓето кои се гости во Охрид. Второ се странските гости за нив исклучително е значајно функционирањето на ФЗО, посебно во Охрид, преку Фондот доколку имаат проблем со нивното здравје можат многу лесно да го остварат правото на здравствена заштита“ – појаснува Стефаноски.

Во подрачната единица Охрид назначено е и лице за комуникација со странските туристи кои имаат потреба за услугите на Фондот, информираше Стефаноски. Тој истакна дека во Охрид ќе се посвети поголемо внимание и на достапноста за лекови на граѓаните, посебно во аптеката во Пештани каде има голема фрекфенција на гости. Инаку 27 аптеки од општината имаат склучено договор со Фондот

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top