ГРЕКО: Секој допрен глас за корупција обвинителството да го испита

ГРЕКО: Секој допрен глас за корупција обвинителството да го испита.

 |  Валентина Неловска  | 
greko

grekoНема земја каде што не постои корупција, затоа што неа ја прават луѓето, па затоа е потребно да се работи таа да се спречи, открие и процесуира, кажа Марин Мрчела  претседател на европската организација за борба против корупцијата ГРЕКО и судија во Врховниот суд на Хрватска  на дводневната обука за судии и обвинители на тема „Антикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција“, што се одржува во Охрид. На конференцијата   на која акцент се става на корупцијата во јавниот сектор и вмешаноста на политичари, пратеници,  судии, обвинители и други носители на јавни функции беше поставено и прашањето за опозициските бомби во земјава.   Мрчела за разлика од македонскиот обвинител Марко Зврлевски, се произнесе за актуелните случувања во Македонија. Мрчела посочува дека треба да се испита дали станува збор за политички мотивиран процес или навистина има нешто во пракса, а обвинителството и судството треба да ја извршат својата работа.

greko„ Она што треба да се истакне е дека македонските  обвинители  се свесни дека тие треба да постапуваат независно, секогаш кога до нив допира глас дека е направено казниво дело, мислам дека ако навистина постои во пракса да се процесуира, ако  има нешто и непристрасното судство  да донесе одлука која сите треба да ја почитуваат“, вели Мрчела.

Анета Аранудовска ,директор на Академија за судии и обвинители на прашањето дали во Македонија  постои корупција посочи на огромна разлика меѓу перцепцијата и  искуството со корупција. Сите меѓународни стандарди укажуваат дека може д а се зборува за корупција во судството само врз основа на завршени судски предмети.  Сето друго се шпекулации, бидејќи судиите и обвинителите не се недопирливи, Арнаудовска за ова прашање се повикува на извештајот од ГРЕКО.

„ ГРЕКО  со последниот извештај на повеќе држави им даде препораки да го зголемат рокот за застареност на делата и за имунитетот на судиите и обвинителите да се регулира како и за сите други за да не се создаде впечаток дека се недопирливи. Но, ќе нагласам за процесуирање на тие случаи треба да има цврсти докази за да се водат постапки фер и транспарентни според принципите на европската конвенција“, кажа директорката на Академијата за судии и обвинители.

Обуката се  спорведува во соработка со  Амбасадата на САД. Амбасадата дава поддршка во унапредување на реформите во казненото законодавство на материјална проценка и зајакнување со  правосудството на  Република  Хрватска.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top