Сеп 23, 2015

Жителите од Лескоец бараат раскопаната ул. Илија Смически да се асфалтира

Улицата „Илија Смически“ во село Лескоец охридско, сеуште е раскопана. Сликата која ја регистрира нашата камера кажува  за катастрофалната состојба во која се наоѓа оваа улица во моментов, долга 1000 метри. Жителите се жалат дека неасфалтираниот пат е проблем и за нив и за возилата, а со истиот се соочуваат веќе една година. Дворовите во лето им биле полни со прашина а во зима пливале во вода и кал. Не ретко се случувало возилата или камионите кои поминуваат по тој пат да пропаднат во дупките па биле принудени да викаат влечна служба да ги извадат.„Овде јас не занм колку вода имам потрошено…

Сеп 23, 2015

Не може да се надгледува целата површина на градските гробишта за да се спречат вандализми

  На охридските гробишта непознато лице деновиве оштетило 4 надгробни споменици во муслиманските гробишта и едно во православните. Од ЈП Градски гробишта случајот со скрнавење на спомениците го  пријавиле во  полицијата која направила увид  и работи на откривање на сторителот. Директорот на ЈП Градски гробишта  Зоран Симоноски, напоменува дека не е направена голема материјална штета.„ Не. Се работи само за испишување на бројки и букви со црвена течност и се констатираа кај  два споменика мали скршени делови. Но она што го видовме може да не од сега се постари оштетувања па од службите ќе г…

Сеп 22, 2015

Фрлени темелите на фабриката на ОДВ Електрик

Удрени темелите на гринфилд објектот на германската компанија од автомобилската индустрија ОДВ Електрик. Денес свечено беше означен почетокот на изградбата на оваа прва инвестиција во технолошко-индустриската развоја зона Струга-Охрид. Според извршниот директор на ОДВ Електрик, Лудвиг Батон, тенденција на компанијата е фабриката во Македонија да прерасне во уште една успешна приказна. „ОДВ Електрик има амбициозни планови за Македонија со тоа што планираме да го зголемиме производството, да понудиме различни производи, да пренесеме нови технологии. За да го постигнеме тоа, ОДВ Електрик ќе и…

Јул 7, 2021

Субвенциониран оброк за редовните студенти од државните и приватните универзитети

Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните високообразовни установи. Оваа финансиска поддршка ќе стартува од октомври годинава, а студентите за да ги добијат средствата освен што треба да се државјани на Република Северна Македонија, треба да ги исполнуваат и следните услови: -да не се во редовен работен однос; -да не се регистрирани како индивидуални земјоделци; -да немаат месечен приход …

Сеп 22, 2015

Работна средба помеѓу градоначалникот Бакрачески и германската амбасадорка Алтхаузер

Кристине Алтхаузер , германската амбасадрока во РМ на покана од охридскиот градоначалник Никола Бакрачески денес беше во работна посета  на охридската локална самоуправа. Амбсадорката  и градоначаланикот разговараа за  продлабочување на досегашната успешна соработка. Градоначалникот се заблагодари за досегашната соработк аиподдршк ана геманскат амбасада за развој на општина Охрид. При тоа наведе  проекти кои досега се реализирани или се во тек за имплементација во општина  Охрид со поддршка на германската  амбасада. Разговарано е и за соработки и на други полиња, размена на студенти,  израб…

Сеп 22, 2015

Министерката за култура ги посети локалитетите во Охрид во фаза на реставрација

  Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во работна посета на Охрид. Таа изврши увид на неколку проекти на кои активно работи ресорното министерство. Милеска задоволна е од динамиката со која се одвиваат  работите на локалитетот Плаошник и смета дека до 2018 год, целиот комплекс ќе биде промовиран, вклучувајќи го тука и партерното уредување. Таа  го посети локалитетот Долни Сарај каде беше извршена реставрација и конзервација на ѕидните платна под сцената Долни Сарај, со што ова место доби автентичен изглед.„Целиот проект е завршен издвоени се од буџетот на Министерството за к…

Сеп 22, 2015

Градоначалникот на велосипед за денот без автомобили

  На дел од Охридските улици денес во еден период од денот немаше автомобили. Тие беа затворени за сообраќај и им беа отстапени на пешаците и велосипедистите.  Граѓани, јавни личности, ученици, со велосипед направија обиколка на градот. Со тоа на симболичен начин се одбележа Денот без автомобили.Градоначалникот Никола Бакрачески ја предводеше турата на велосипед, а со тоа Охрид се вклучи во глобалната кампања за намалување на употребат на автомобили во редовниот сообраќај. Годинешната кампања во Европската недела на мобилност се води под мотото „Избери, промени, комбинирај“.„Ние како одгов…

Сеп 22, 2015

По 27 пат од Охрид ќе одекнат звуците на староградскиот мелос

Два часа староградска  музика ќе се  изведува на 27 -те Охридски староградски  средби. На 25 септември, в петок, 14 аматерски музички ансамбли со преку 150 учесници ќе гостуваат во Центарот за култура Григор Прличев. Претходно манифестацијата ќе започне во 19 часот со свечено дефиле низ охридската чаршијата. Годинава имаше голем интерес за гостување на Охридските  староградски средби па на 10 ансамбли моравме да им го одбиеме учеството, информира директорката на Центарот за култура Драгана Боцевска. Од Центарот  размислуваат манифестацијата да ја прошират и да се одржува два дена.„Секогаш н…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top