Окт 1, 2015

Општина Охрид ќе го подновува возниот парк

Возниот парк на локалната  самоуправа кој брои околу  20-тина возила ќе се подновува. Распишан  е тендер за купување  на две лимузини со четири врати со работна зафатнина на моторот од 1950 до 2300  и од 1550 до 1900 см кубни и двете да користат дизел гориво. До Комисијата за разгледување на  тендерите вчера пристигна само една понуда за лимузина од 1550 до 1900 см кубни.   За набавка на возило за другиот тип на  јавниот повик понуда нема. Ставот на општината за оправданоста од купување на нови возила во услови на задолженост на општината е следен.„ Во секој случај постои неопходност за наб…

Окт 1, 2015

Администрацијата зголемена според потребите на граѓаните

Во моментов во општината се вработени 251 службеник заедно со вработените од територијалната против пожарна единица. Во администрација се ангажирани  204 лица, информира портпаролот на општината Томе  Џамтоски. Во мандатот на градоначалникот Никола Бакрачески бројот на админстрацијата се зголемил за 19 вработени. Но, ако се зeме  предвид дека во меѓувреме од адмистрацијата  4 лица стекнале прaво на пензиjа, две лица го раскинале работниот однос тогаш тој број е 13 лица, вели Џамтоски. Тој појаснува кои биле  потребите за  ново вработените административци, иако во предизборните ветувања на к…

Окт 1, 2015

Нова програма за спречување корупција

Државната комисија за спречување на корупција денес во Струга, ја презентира новата, четврта по ред државна програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2016-2019 год.  Како што појасна директорот на ДКСК Горан Миленков, програмата претставува стратешки, национален документ на РМ кој ќе треба сите институции и учесници во донесувањето на програмата да го имплементираат и почитуваат. Додаде дека донесувањето на државната програма претставува обврска од Меѓународната конвенција за спречување на корупција и Европската Комисија. „С…

Окт 1, 2015

Потпишан договор за стипендирање на студенти за студиски престој во странство

Универзитетот „Св. Апостол Павле“ Охрид  и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност потпишаа договор за стипендирање на студенти за студиски престој во странство. Договорот во вредност од 66 750 €, за стипендирање на студиски престој во странство за 22 студенти и 3 професори од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ е потпишан од ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид – Нинослав Марина и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Дарко Димитров.Врз основа на потпишаниот договор, 15 студе…

Сеп 30, 2015

Советот за безбедност на патиштата даде отчет за сработеното

Советот за безбедност на патиштата во Општина Охрид даде отчет за сработеното во изминатите три месеци. Претседателот на овај совет Стефан Димоски вели дека во летниот период интензивно работеле на повеќе проекти за подобрување на безбедноста на патиштата во градов. Во јуни бил спроведен проектот за безбедност на велосипедистите па се вклучиле во кампањата „Биди трезен стигни прв“. Биле дел и од кампањата за одбележување на денот на мобилност или познат како „Ден без автомобили“, а одржале и повеќе состаноци со велосипедистите и мотоциклистите во градов.Функционирањето на советот ги дава св…

Дек 26, 2021

Охриѓанец нападнал полицаец во Струга

На 25.12.2021 година во Струга, приведен е Н.И. (70) од Охрид. Тој, претходно на улицата „Пабло Неруда” во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со агресивен однос кон полициски службеник кој, извршувал работи од областа на безбедноста во сообраќајот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Сеп 30, 2015

Треба да се чистат оџаците ,а регистриран оџачар во Охрид нема

Во Охрид нема официјално регистрирана оџачарска служба, а доаѓа грејнота сезона. Фирмите и домаќинствата за чистење на оџаците се  снаоѓата кој како знае и умее.Тие  најчесто за чистење ги ангажираат домаќините и службите за одржување , а за оџаците по домовите се бараат луѓе кои не се регистрирани како оџачари.  Поголемиот дел од училиштата, студенскиот дом, градинките, хотелите го испочитувале Правилникот  за одржување  на оџаци , вели Сашо Тодороски инспектор од Дирекцијата  за заштита и спасување. „ Од наша страна сите училишта, хотели, градинки и угостителски објекти им е укажана динам…

Јул 7, 2021

„Охридски бисерен рај Ленче“ уреден во етно стил

Во населбата Рача има нова туристичка понуда етно апартманот Охридски бисерен рај . Сопственичка на етно апартманот е Ленче Шиковска Башоска која создавала со ѓерѓеф во рацете најразлични рачни изработки од најрана возраст. Нејзин дамнешен сон бил изработките да ги презентира во јавност. Со сопствени средства, сама, со многу труд и мака успеала да го изгради етно апартманот „Охридски бисерен рај Ленче“ од каде се протега прекрасен видик кон градот и езерото. Внатрешниот ентериер на апартманот го уредила во етно стил со нејзините изработки, украсни декоративни ткаенини. „Следејќи ги медиуми…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top