Треба да се чистат оџаците ,а регистриран оџачар во Охрид нема

На стартот од грејната сезона треба да се исчистат  оџаците, а во градот нема регистриран оџачар. Исчистените оџаци кај физичките лица подлежат на проверка, но не и праватните домови. Во изминатите години најголем број од пожарите биле предизвикани од неисчистени оџаци.

 |  Валентина Неловска  | 

Во Охрид нема официјално регистрирана оџачарска служба, а доаѓа грејнота сезона. Фирмите и домаќинствата за чистење на оџаците се  снаоѓата кој како знае и умее.Тие  најчесто за чистење ги ангажираат домаќините и службите за одржување , а за оџаците по домовите се бараат луѓе кои не се регистрирани како оџачари.  Поголемиот дел од училиштата, студенскиот дом, градинките, хотелите го испочитувале Правилникот  за одржување  на оџаци , вели Сашо Тодороски инспектор од Дирекцијата  за заштита и спасување.

„ Од наша страна сите училишта, хотели, градинки и угостителски објекти им е укажана динамика за чистење на огнишатта најгоелм дел од нив го почитуваат.За домаќинстават останува на нивна одгвоорност “, вели Тодороски.

Според Правилникот физичките лица треба да ги чистат оџаците и вентилационите канали  еднаш месечно во грејната сезона и еднаш  во лето. За домаќинствата е предвидено 2 пати во грејна сезона и еднаш во лето, додека  угостителските објекти  чистењето на оџаците, собиралиштата на маснотии и димоводните канали треба да ги чистат еднаш месечно во текот на целата година. Казните  кои следуваат за непочитување на Правилникот се високи, вели Тодороски.

„ Огласно законот има казнени одредби и за физичките и за првните лица коисе движат од  1000 до 2000 евра. За овој прекршок нема опомена илиедукација нередовното чистење повелкува изрекување на мандатни казни, вели Тодороски.
Во изминатата  година над 80 проценти од пожарите или од  107 пожари, 89 биле регистрирани од неисправни оџаци и ложишта.Од пожарна и од дирекцијата за спасување   и заштита апелираат  редовно чистење и одржување на оџаџите за да не се опасност  од пожари.  
 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top