Советот за безбедност на патиштата даде отчет за сработеното

Функционирањето на Советот за безбедност на патиштата во Општина Охрид ги дава своите резултати. За трите месеци од кога функционира со нов состав има реализирано повеќе проекти за подобрување на безбедноста на патиштата во градов. Во периодов што следува Советот за безбедност ќе ја запознае Локалната со втората национална  стратегија за подигнување на безбедност во сообраќајот за 2015-2020та год.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Советот за безбедност на патиштата во Општина Охрид даде отчет за сработеното во изминатите три месеци. Претседателот на овај совет Стефан Димоски вели дека во летниот период интензивно работеле на повеќе проекти за подобрување на безбедноста на патиштата во градов. Во јуни бил спроведен проектот за безбедност на велосипедистите па се вклучиле во кампањата „Биди трезен стигни прв“. Биле дел и од кампањата за одбележување на денот на мобилност или познат како „Ден без автомобили“, а одржале и повеќе состаноци со велосипедистите и мотоциклистите во градов.

Функционирањето на советот ги дава своите резултати. Со спроведувањето на овие проекти во голема мера е зголемена безбедноста во градов и намален е бројот на случени сообраќајни незгоди било со автомобил или со велосипед, вели Димоски.

Во текот на оваа година нема сообраќајни незгоди во кои загинале или биле тешко повредени велосипедисти. Има само петмина кои се здобиле со полесни повреди. И бројот на сообраќајните незгоди бележи благо опаѓање. Минатата година до овој период имало 220, а оваа 216. Димоски објаснува дека во иднина ќе се прават тимови во кои ќе партиципираат членови од сите институции во градов кои на директен или индиректен начин придонесуваат за безбедноста во сообраќајот.

Бенефитот од тоа треба да го почуствуваат сите учесници во сообраќајот. Со тоа ќе се оправда постоењето на овај совет и неговите заложби. Ние и понатаму напорно ќе работиме на реализација на нови проекти кои се од суштинско значење за подобрување на безбедноста во сообраќајот, вели Димоски.

Советот за безбедност во соработка со републичкиот сиовет во периодов што следува Локалната ќе ја запознае со втората национална  стратегија за подигнување на безбедност во сообраќајот за 2015-2020та год., а ќе работи и на реализација на двата проекти, „Велосипедско поврзување на Охрид и Струга“ и „Велосипедска патека за секоја охридска улица“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top