Окт 21, 2015

Туристичкиот сојуз со иницијатива за поевтини викенд аранжмани за продолжување на сезоната

Туристичкиот сојуз на Охрид се залага за продолжување на туристичката сезона. Од таму велат дека Охрид нуди идеални услови за туризам во текот на целата година, но треба да се направат добри аранжмани со пониски цени. Додаваат дека сега Охрид вон сезона е прескап за гостите. На исто мислење се и туристичките работници од градов. Тие објаснуваат дека хотелите нудат константни цени во текот на цела година, но приватните станоиздавачи можат да дадат добра понуда. Нагласуваат дека цените споредено со опкружувањето се доста високи.„Ние во нашата програма зацртавме еден проект на кој веќе интензи…

Окт 21, 2015

Лажни банкноти од 500 денари циркулираат во Охрид

  Фалсификувани пари кружат низ Македонија. Охрид не е исклучок од ваквата појава. Најмногу во промет кружи лажни банкноти од  500 денари, но и 100 американски долари и 50 евра. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, истакна дека  изминатиов период од 9 месеци на подрачјето кое го покрива секторот, евидентирани биле кривични дела, фалсификување на пари. До овој момент пријавени биле вкупно 7 вакви кривични дела, а  откриени биле сторителите во 5 случаи и против нив биле поднесени соодветни кривични пријави. „Сторителите на овие казнени дела најчесто за размена на лажните банкноти ги ко…

Окт 21, 2015

ПОДНЕСЕТЕ БАРАЊЕ ЗА ОТПИС НА КАМАТИ ОД СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ, РОКОТ ИСТЕКУВА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Управата за јавни приходи потсетува дека можноста за поднесување на барање за отпис на камати за социјалните придонеси е до крајот на годината.Сите работодавачи, самовработени лица, индивидуалени земјоделци, верски службени лица или државни институци (подносители на пресметки на бруто плата) можат да поднесат Барање за отпис на камати (образец “БОК-ПЗСО/1“) до Управата за јавни приходи, најдоцна до 31 декември 2015 година.Право на отпис на камати има секој обврзник кој најдоцна до 31 декември ќе поднесе барање “БОК-ПЗСО/1“за отпис на камати по основ на достасани обврски за социјални придоне…

Окт 21, 2015

Охридскиот регион преставен на академијата на УНЕСКО

На Академијата за одржлив развој во УНЕСКО подрачја , што се одржува  во Торино, Италија, во кампот на ОН , беше преставен Охридскиот регион со две презентации за планот за управување со културното и природното наследство и за управувањето со Прекуграничниот биосферен резерват на УНЕСКО Охрид / Преспа. Покрај презентираните активности на Охридскиот регион од почетокот до сегашната ситуација, од страна на М-р Зоран Павлов од Управата за заштита на културното наследство  изнесена беше потребата за зачувувањео на шавтентичноста и за конзервација на културните вредности при што во контекст на р…

Јул 10, 2021

„Подиум на млади“ го навестува почетокот на „Охридско лето

Во црквата „Света Софија“ вечерва со почеток во 20  часот ќе настапат младиот пијанист Александар Хаџиевски од Србија, како и обоистот Андреј Петрески од Македонија. Хаџиевски е еден од попознатите млади пијанисти од Белград што работи со добри музичари и освојува бројни интернационални награди, меѓу кои и третата наградата на натпреварот „Џорџ Гершвин“ во Њујорк во категоријата млади музичари. Андреј Петровски се смета за еден од најдобрите обоисти во Македонија кој сега веќе работи во Сараевската филхармонија на позицијата прва обоа. Тој е избран да биде учесник заради неговите досегашни…

Окт 20, 2015

Македонската полиција наградена за успешно сузбивање компјутерски криминал

Акцијата на МВР Македонија и Србија која ја разбија криминалната група, во која биле и 10 лица од Република Македонија,  на почетокот од 2013 година, набавиле и бесправно користеле телекомуникациски уреди за терминација на телефонски повици. Уредите преку интернет мрежата ги поврзале со мрежата на странски мобилни оператори  преку  SIM картички и остварувале интернационален сообраќај по цена од локален телефонски сообраќај. Со тоа, извршиле директна финансиска загуба на оштетените мобилни оператори, стекнувајќи се само од мобилните оператори во Република Македонија со противправна имотна ко…

Окт 20, 2015

Депонијата Мауцкер може да се користи само со дозвола

  Граѓаните не можат повеќе да го фрлаат градежниот шут на  депонијата Мауцкер без дозвола од ЈП „ Охридски Комуналец“. Чуварите на депонијата не дозволуваат влез и ги враќаат граѓаните кои за  депонирање на  отпадот не побарале и не добиле одобрение  од претпријатието. Со одлуката на Влада Мауцкер  да се прогласи за технолошко-економска развојна зона Мауцкер се чисти од отпад,  но се дозволуваат  мали количини градежен шут, вели Љупчо Танески од  Фондот за комунални дејности.„ Условно, слободна зона е Мауцкер но со најава до „ Охридски комуналец“ за да имаат увид  чуварските служби што се…

Окт 20, 2015

Слаб интерес кај медицинските сестри за вработување во ПЗУ

Слаб интересот за вработување по струка. Таков тренд е забележан во дел приватните медицински установи во Охрид. Стручните и обучени медицински сестри без кои докторите не можат нормално да работат, малку се заинтересирани за вработување по струката која ја завршиле. Тоа го потврдува д-р Ертан Омероски, сопоственикот на Стоматолошката ординација „Денторија“. „Во списокот имаше 40 пријавени, од нив, дали се јавија 4-5 заинтересирани за работа. Имаме потреба од медицински сестри уштр две кои ќе одговараат на нашиот профил за работа“ – вели д-р Ертан Омероски – СО Денторија Д-р Омероски вели д…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top