Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при општина Охрид ги информираат граѓаните дека поради поставување на завршниот слој на асфалт на новата кружна крстосница на булевар „Туристичка“ со улица „Македонски Просветители“ од денеска 3-ти декември до недела 6-ти декември во периодот од 8 до 18 часот оваа крстосница ќе биде затворена за сообраќај на следните локации: Булевар, „Туристичка“ на пресек со ул.„Абас Емин“ и ул. „Даме Груев“ како и на пресекот на улиците „Македонски Просветители“ и „7 Ноември“ со булевар „Туристичка“.Од општина Охрид упатуват молба до граѓаните во овој п…
Охриѓани со свои размислувања, колку Охрид е зелен град и дали има доволно градско зеленило. Дел од граѓаните ја одбегнуваа камерата на ТВМ а дел од нив одговорија кратко. Во секој случај нивните мислења се поделени.Зелените појаси во градов во секое урбанистичко планирање треба да бидат на прв план, сметаат добрите познавачи на арихитектурата во градовите. Денес сме сведоци дека на одредени локации во градот трпи зеленилото точно заради развојот на општината, како што за ТВМ изјави архитектот Благоја Сметеноски. Тој укажа дека согласно европските стандарди, по глава на жител би требало да …
Охриѓани засадија успех. Ученици, административци, јавни претпријатија, пензионери се приклучија на 16-та по ред акција „Ден на дрвото“ која се одржа под мотото „Засади успех“. Во Охрид се садеше на повеќе локации и тоа на влезот во градот каде беа засадени 50 садници јапонски багрем , на магистралниот пат Охрид Св. Наум каде се посадија 500 садници охридски чемпрес,на потегот од мостот према хотел Парк каде се посадија 50 садници коталиа и на Мауцкер.
Акциите кои ги спроведува ЈП „Комуналец“ се доста успешни. Во досегашните акции кои се организираа минатите години успешноста на садниците…
Бројни шприцеви со крв и шишиња од лекови расфрлани покрај улица секојдневно ги вознемируваат жителите од населбата Горна Влашкамала во чија непосредна близина се наоѓа центарот за лечење на наркозависници. На расфрланите шприцеви покрај патот реагираат и родителите кои ги носат децата во градинката која е на 20 метри од центрот за лечење на наркозависници.„Покрај центарот за зависници, ама ова не е центар туку собиралиште, гревота и срамота е за подмладокот. На 20 метри има детска градинка каква слика оставаат тие лица и каква иднина ќе очекуваме за нашите деца. Јас сум згрозен од с…
По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии Порака Нова од Струга организира настан за одбележување на денот насловен како Инклузивна Уметност, кој ќе се одржи во четврток, 03/12/2015 во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид, со почеток од 18:00 часот.Настанот се организира во соработка со Здружението на слепи од Охрид, Здружението на слепи од Струга, Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, Здружението на глуви и наглуви од Струга, Здружението Добротољуби…
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4 декември 2015 година (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.На 6 декември 2015 година (недела), ќе биде преосветена црквата „Свети Пантелејмон“ во село Велгошти, и ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Амфилохиј Икониски“, со почеток …
На 05.01.2022 година од 12 до 16 часот, полициски службеници од СВР Охрид спроведоа акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Охрид.
Притоа санкционирани се 27 возачи, од кои 15 на територија на Охрид, шест на територија на Дебар, пет на територија на Струга и еден на територија на Кичево. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“, е опасна по безбедноста на пешаците. Сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација па учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, раскажуваат децата. Дополнителен проблем преставува и отстранувањето на заштитната ограда на тротоарите која беше тргната при градежните зафати на улицата „Питу Гули“. Родителите бараат под итно да се постави …