Мар 17, 2016

СДСМ: „Локалната нема вложено ниту денар од општинската сметка во училиштата“

Охридските социјалдемократи денес на прес конференција со обвинувања до локалната самоуправа дека и после скоро три години од нивното доаѓање на власт, не биле направени никакви вложувања во образованието во Охрид. Жаклина Лазаревска од општинската организација на СДСМ, вели дека ниту еден денар оваа локална самоуправа не издвоила од општинската сметка за некој поголем зафат во било кое од училиштата. Според неа, доказ за тоа е состојбата во која се наоѓало училиштето во с.Трпејца. „Ова училиште е руинирано,нема основни услови за работа, целосно заборавено. Е во ова училиште учат нашите, в…

Мар 17, 2016

Во Охрид одбележан Денот на крводарителството

  Охриѓанецот Коче Богданоски досега дарувал крв 112 пати. Неговата крвна група е нулта негатив. Вели, дарувам крв затоа што преку овој чин најдобро се изразува хуманоста но и заради сопственото здравје за обновување на крвта. „Чуството е многу добро, захвално, за здравјето уште подобро, секој прв пат кога ќе даруваш, не е тешка работа, присутен е само стресот, но што повеќе даваш крв и самата снага бара, а јас се чуствувам подобро. На секои три месеци дарувам крв и советувам нема потреба некој да се плаши од крводарување, слободно може да дава, ќе се чуствува подобро и помлад“- истакна Б…

Мар 16, 2016

Охридските мозочиња од Бреин о Бреин најуспешни на 4 -от национален натпревар

Охриѓанчињата од Центарот за развој на животни вештини Бреин о Бреин освоија  голем број одличја меѓу кои 30 трофеи,14 златни и  7 срберени медалји. Околу 100 деца тренираат и учат во овој центар. Тие истовремено пеат на македонски или англиски јазик,  изведуваат различни математички операции, танцуваат.   54 деца кои го посетуваат охридскиот центар учествуваа  на националниот натпревар во 15 категории и постигнаа врвни резултати. Центарот  Бреин о бреин функционира 5  години, а децата и овојпат остварија врвни резултати на 4-то национално натпреварување. Со тоа потврдија дека охридскиот це…

Мар 16, 2016

До ОПМ приговори за неквалитетни мобилни телефони, мебел и покуќнина

Охриѓани лани успешно решиле  326 претставки преку  Организацијата на потрошувачи на Македонија.  Преку оваа организција за заштита на потрошувачите преку советодавни препораки пак проблеми од најразличен вид побарале   2722 македонски потрошувачи.  Потрошувачите се жалеле до ОПМ на неквалитетни мобилни телефони, мебел и покуќнина, посочува Вангел Спироски претседател на ОПМ Охрид. . „ Втора година по ред најголеми се поплаките на потрошувачите се во остварување на правата на гаранцијата на техничките производи, особено мобилните телефони.13 проценти од вкупниот број на проблемите за кои ги…

Мар 16, 2016

Охрид и охриѓани имаат долга традиција за дарување крв

Охрид и охриѓани имаат долга традиција за дарување крв. Тие во секоја прилика ја покажувале својата хуманост и ја дарувале течноста што значи живот. Црвен крст Охрид преку најразлични форми на организирање и дејствување, особено внимание посветува на мотивацијата на населението за доброволно дарување крв, што има за цел задоволување на потребните количества од драгоцената течност за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид. Во охридскиот црвен крст има регистрирани крводарители кои континуирано даруваат крв, па бројките се за секоја почит. Има крводарители кои 50, 75 ил…

Јул 22, 2021

Воска Спорт денес на стадионот „Грашница“ го игра првиот контролен натпревар против Братство Житоше

Денеска со почеток во 17 часот, ФК Воска Спорт го игра првиот контролен натпревар во рамки на подготовките за новата сезона од Втората Лига-Запад. Охридскиот тим ќе ги одмери силите со Братство Житоше. Инаку, Братство Житоше веќе одигра еден контролен натпревар, против екипата на Прилепска Победа и загуби со убедливи 7:0. Натпреварот меѓу Воска Спорт и Братство Житоше ќе се игра на стадионот „Грашница“.

Мар 16, 2016

Драстично намалување на пријавите во делот на безбедност и здравје при работа

Суштинските измени во законот за безбедност и здравје при работа, донесуваат повеќе права за синдикалците. Во рамки на кампањата за безбедни услови при работа и за обезбедување на сигурни работни места, ССМ заедно со Македонското здружение за заштита при работа организираат проект кој е насочен кон подигнување на свеста во смисла на обезбедување на активности кои се поврзани со безбедност и здравје, во кои се вклучени и работодавачите и граѓанските организации. Целта на новите измени и дополнувања е да се зајакне позицијата на претседателите на синдикалните организации и останатите субјекти…

Мар 16, 2016

Наместо да руши, си поставил прозори

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37- годишно лице од струшкото село Враништа. – Во текот на јануари оваа година, пријавениот на катастарска парцела бр.16598 Охрид-3 на закупен угостителски објект на Кеј „Македонија“, без да поседува одобрение за градење, на два оградни ѕидови поставил по пет „пвц“ прозори од кои осум со димензии 2,25 метри * 0,7 метри и два прозори 0,75 метри * 0,7 метри. Пријавениот прозорите ги  поставил на објект, за кој овластениот градежен инспектор од Општинскиот инспекторат од О…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top