Охридските мозочиња од Бреин о Бреин најуспешни на 4 -от национален натпревар

Охридските мозочиња од Бреин о Бреин  најуспешни на 4 -от национален  натпревар.

 |  Валентина Неловска  | 
brein

breinОхриѓанчињата од Центарот за развој на животни вештини Бреин о Бреин освоија  голем број одличја меѓу кои 30 трофеи,14 златни и  7 срберени медалји. Околу 100 деца тренираат и учат во овој центар. Тие истовремено пеат на македонски или англиски јазик,  изведуваат различни математички операции, танцуваат.   54 деца кои го посетуваат охридскиот центар учествуваа  на националниот натпревар во 15 категории и постигнаа врвни резултати.

Центарот  Бреин о бреин функционира 5  години, а децата и овојпат остварија врвни резултати на 4-то национално натпреварување. Со тоа потврдија дека охридскиот центар Бреин о бреин е најуспешен во земјава, кажа претседателот на Црвен крст Охрид Сашо Точков, во чии рамки функционира центарот.

„ Во нашиот центар  завршија две генерации  деца и поминаа 10 нивоа со што  ја завршија прогармата. Во тек е следна генерација ,а нови уписи се во   септември 2016  за нови деца,  “, истакна Сашо Точков.

Задоволни од постигнатиот успех на децата од центарот Бреин о бреин  се и двете инструкторки Валентина Кузманоска и Билјана Миленковска.

brein„ Во однос на постигантите резултати 57 проценти од наградите припаднаа на нашиот центар. Тоа е резултат  на континуиран работа на тренерите, децата и родителите кои имаат доверба во нас. Од 15 категории 11 наши деца имаа максимален број на бодови. Во своите категории 380 бодови максимално освои наш ученик, наведе Кузманоска.

„Секој успех на секој ученик е и наш успех како тренери. Тоа кај нас влијае позиитвно и дополнително се вложуваме во оваа програма. Ние како трениери им помагаме нба децат д аја засакаат прогармаат и дек аможат ,а успехто е неминовен без помош на родителите“, истакна и Миленкоска.

Во 5 годишното постоење има голем број на деца кои завршиле 10 нивоа. Едно ниво трае 3 три месеци, а децата се стекнуваат со креативни вештини, знаења и ментални способности.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top