До ОПМ приговори за неквалитетни мобилни телефони, мебел и покуќнина

До ОПМ  приговори за   неквалитетни мобилни телефони, мебел и покуќнина.

 |  Валентина Неловска  | 
опм

Охриѓани лани успешно решиле  326 претставки преку  Организацијата на потрошувачи на Македонија.  Преку оваа организција за заштита на потрошувачите преку советодавни препораки пак проблеми од најразличен вид побарале   2722 македонски потрошувачи.  Потрошувачите се жалеле до ОПМ на неквалитетни мобилни телефони, мебел и покуќнина, посочува Вангел Спироски претседател на ОПМ Охрид. .

опм„ Втора година по ред најголеми се поплаките на потрошувачите се во остварување на правата на гаранцијата на техничките производи, особено мобилните телефони.13 проценти од вкупниот број на проблемите за кои ги советуваме потрошувалите и сметаме дека е потребна пообемна  анализа за проблемите во овој домен и наоѓање решенија за оставрување на правата на граѓаните на гаранатниот лист за мобилните телефони, “подвлекува Спироски.

Веднаш зад овие поплаки се и за  туристичките патувања,  телекомуникациски услуги со кабелските оператори,  непочитување на  декларации на  македонски јазик  со кирилично писмо на прегранбените прозиводи. Претставки има и за услугите за високи  сметки за  јавни услуги и за заостанати сметки. Годинава ОПМ се вклучува и во светската кампања против антибиотиците во исхраната. Мотото е антибиотиците надвор од менито. Се повикуваат големите  компании за брза храна да престанат  да служат месо од животни на кои рутински им се давани антибиотици. Истражувањата  на светско ниво говорат дека околу 50 проценти од антибиотиците во светот се користат во земјоделството.     

опм„ Во РМ надлежна инситуција од оваа област  е Агенцијата за храна и ветеринарство и таа  се грижи за безбедноста на храната и може да даде одговор  на овој глобален проблем. Инаку кај нас ги нема овие големи ланци на ресторани, но препораката ја  упатуваме до останатите ресторани да внимаваат какво месо користат во исхраната на луѓето и какво месо ќе стигне до крајните потрошувачии“, напоменува Спироски.

ОПМ ја промовира кампањата за нутритивно означување на прехранбемите прозиводи. Производителите ќе може да стават етикети за потрошувачите да гипрпеознаат количните на сол, шеќер и масти, информира Спироски. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top