„Охрид е заборавен и оставен на времето. За дест години власта со полна уста заборуваше за Охрид но многу малку се направи за Охрид“, изјави при својата посета претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој посочи дека Охрид мора да добие сериозна важност. Во разговорите остварени со младите луѓе потенцирана е дирекната економска помош која мора да ја добијат за да останат и творат во својот град.
„За жал,Охрид е еден од градовите во македонија во кој има најголема миграција. Само во последните десетина година заминати се повеќе од 7600. Половина од оние кои се заминати во последната година се од О…
Ана, Петар и Владимир сите членови на пливачкиот клу „Охридски бранови“ се само неколку од големиот број деца на кои несомнено пливањето им е во крвта. Неодамна сите тројца учествуваа на „Илинденскиот пливачки маратон“ на кој постигнаа одлични резултати со само неколку неделни интензивни тренинзи. Владимир Вељаноски, кој 4 години е член на ПК „Охридски бранови“ кај тренерот Ристе Јанкоски, годинава прв пат учестуваше на малиот пливачки маратон. Владимир планира сериозно да продолжи да се занимава со овој спорт, а негова најголема желба е изградбата на затворениот пливачки базен.
„Ако го им…
Србите се најдобри купувачи во старата охридска чаршија. Но добри купци се и гостите од Холандија, Турција и соседна Албанија, израелците, хрватите и словенците. Вакви се видувањата на дел од охридските дуќанџии. Купувањето или шопингот е добредојден за сите. Без разлика дали станува збор за мажи или жени, секој сака да купува во рамките на своите финансиски можности, вели Кристина Крстевска од „Среќна куќа“.
„Можеме да кажеме дека претежно во месеците јули и август прометот е зголемен, меѓутоа може секогаш да биде подобро. Можам да ги пофалам странските купувачи оваа година, има некои што…
Дворните места од објектите на градинката „Јасна Ристеска“, мета на несовесни граѓани. Од градинката се жалат дека најверојатно малолетници бесправно влегуваат, се задржуваат и ги користат дворните површини од објектите на градинката, особено во попладневните и вечерните часови, а притоа прават штета на имотот на градинката. Ги кршат оградите, ги оштетуваат и уништуваат детските игралишта, се качуваат на покривите од објектите, расфрлаат отпадоци од секаков вид во тревниците, ги уништуваат градините, кршат гранки и ги корнат посадените растенија од страна на децата. Директорката на гради…
Општина Охрид исплати 1 210 000 денари на 219 охриѓани кои аплицираа на претходно објавениот Јавен Повик за субвенционирање при купување велосипеди.
Средствата што општина Охрид ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Со ова локалната власт настојува да ги стимулира охриѓани да користат велосипеди наместо возила.
Јавниот Повик за субвенционирање при купување велосипеди е согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот е…
Дека оваа туристичка сезона во Охрид ја доживува својата кулминација, најголем доказ е повеќекратното зголемување на комуналниот отпад со кој се соочува нашиот град, а ЈП „Охридски комуналец“ со сите сили се обидува да одржи оптимално ниво на комунална хигиена. Граѓаните и туристите генерално задоволни од нивото на комунална хигиена во најфрекфентниот период од годинава.
Од „Охридски комуналец“ велат дека во овој период значително се интинзивирани активностите за чистење на јавно прометните површини и за подигање на сметот. Елена Скрческа директорката на ЈП „Охридски комуналец“ вели дека с…
Во присуство на Градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски, претседателот на Советот на Општина Дебрца, Даниел Огненоски, претставници од Основното училиште од општината и локалното население започна реконструкцијата на Културниот дом во Лешани.
-Се работи за темелна санација-реконструкција на стариот Културен дом во Лешани, кој ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ “Дебрца” – с.Белчишта, реконструираниот објект ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар. Во рамките на објектот ќе има посебно одвоен простор кој ќе биде на располагање за …
Синоќа во автокампот Градиште било пронајдено безживотно тело на 19 годишно момче.
Според првичните информации врз телото на момчето немало траги на насилство. Се претпоставува дека се работи за природна смрт.Точните информации ќе ги покаже увидот кој е во тек.