Авг 16, 2016

Гледајте ја полната месечина ама од врвот на Галичица

Туриситичкото друштво за алтернативен туризам „Фри Пас“ Охрид, на дваесетти овој месец организира тура на Галичица за вистинско доживување на феноменот полна месечина. Вистинско доживување на полна месечина на Галичица. Туриситичкото друштво за алтернативен туризам „Фри Пас“ од Охрид, на сите туристи, вљубеници во природата, но и на астрономите аматери, на дваесетии овој месец им нуди убава можност, да уживаат во полната месечина но не од било каде. Далеку од светлината на градот, на еден од врвовите на планината Галичица. Јасна Христовска од Туриситичкото друштво за алтернативен туризам „…

Авг 4, 2021

СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕДЛОГ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД БЛОК 2.2 – ОПФАТ 3, ОПШТИНА ОХРИД ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2017-2022

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.199/14, 44/15, 193/14, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид, донесе:                                                                                                                                                       …

Авг 16, 2016

Во тек е првиот уписен рок на петте факултети на УИНТ „Св Апостол Павле“ во Охрид

Можностите кои им ги нуди УИНТ „Св. Апостол Павле“, на идните студенти, се покажаа како вистински магнет за нив, токму на неккој од петте факултети од овој универзитет, тие да го продолжат своето формално образование. „За ISVM, па уште како мал се интересирав а мултимедија и дизајн, поблиску ми беше факултетов па заради тоа. Општо е за секакви дизајни, веб дизајн, Синема 4д, Фотошоп, такви области и анимации. „Носи голем просперитет и нови предизвици во мојов живот, можам да кажам дека е блиску, си останав во мојот роден град, и многу голема чест ми е што се запишав на овој факултет. Ја о…

Авг 16, 2016

За колекторот да се грижи државата се согласија охридските советници

Со одлука на Совет се прифати планот за поделбата на МЈП Проква на 3 претпријатија. Водоводно претпријатие  во Охрид и Струга и претпријатие за одржување на колекторскиот систем. Оваа иницијатива  датира од пред една деценија и  сега добива  можност да стане и реалност. Охридските советници едногласни во ставот меѓуопштинското претпријатие Колектор  да стане државно претпријатие.  На наредната седница се очекува да донесат заклучок со кој претставници од општините ќе побараат од Владата да го земе под своја капа управувањето и одржувањето на колекторскиот систем.  МЈП  Проаква се соочува с…

Авг 15, 2016

Охридските советници и денес жестоко расправаа по неколку точки на обемниот дневен ред

И денес охридските  советници расправаа по обемен Дневен ред сo дури  54 точки. Копјата започнаа да  се кршат околу давање на согласност за формирање на паралелки со помалку ученици во основните и средните училишта, а за градинките за упис на поголем број на деца во групите.  Во дискусиите каде што и овој пат се конаститра дека се намалува бројот на запишани ученици во основните и средните училишта советниците меѓусебно се обвинуваа за причините кои доведуваат до ваквата аларманта состојба од година во година. Рака на срце и од опозицијата и позицијата беше искажана загриженост за состојбит…

Авг 15, 2016

Се интензивираат уписите во градинката „Јасна Ристеска“

Од денес се интензивираат уписите во градинката „Јасна Ристеска“. Повеќе од 140 деца се заинтересирани да бидат згрижени во оваа прдшколска установа. Поради големиот број на деца градинката поднесе барање до Локланата  за зголемување на бројот на групите за по пет деца за да може да им се излезе во пресрет на родителите. Во градинката се запишани вкупно 720 деца и тоа во петте објекти со кои располага Јасна Ристеска. Во централниот објект престојуваат 200 деца. За нив сеуште е неизвесно каде ќе бидат згрижени од септември бидејќи во овој објект од средината на јуни се вршат обеми градежни а…

Авг 15, 2016

Не се избра „Сувенир на градот Охрид“

Не се избра „Сувенир на градот Охрид“. Иако на конкурсот кој уште пред два месеци го распиша Локланата се пријавија пет кандидати, ниту еден од нив не ги исполни барањата кои беа наведени во него. Три проекти биле од еден ист автор, а останатите два биле со слични мотиви кои веќе биле работени и претходно.Обработени се веќе познати мотиви најчесто изработени од бакар. Камен, керамика и дрво речиси и да не е користено, па според тоа не се исполнети условите кои локалната ги постави околу изгледот на „Сувенир на градот Охрид“, вели Томе Џамтоски- портпарол на Локалната самоуправа. Сувенирот …

Авг 13, 2016

Македонското општество старее, Македонија старее

Охрид сеуште е на врвот на листата градови во Македонија по бројот на иселувања. Нашиот најголем туристички центар интензивно се празни. Имено од Охрид годинава си заминале 643 лица од кои 375 заминале во странство. А, во претходната година, бројот на иселени лица од Охрид бил околу 1.000. Универзитетскиот професор Илија Ацевски објаснува дека феномоенот на интензивното иселување на младите несомнено ќе се одрази на демографската слика, особено во малите градови како што е Охрид. Туризмот сега е единствената стопанска гранка која ги задржува младите да останат да творат тука, но иднината од…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top