• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските советници и денес жестоко расправаа по неколку точки на обемниот дневен ред

Охридските советници и денес жестоко расправаа по неколку точки на обемниот дневен ред

Охридските советници и денес жестоко расправаа по неколку точки на обемниот  дневен ред.

 |  Валентина Неловска  | 

И денес охридските  советници расправаа по обемен Дневен ред сo дури  54 точки. Копјата започнаа да  се кршат околу давање на согласност за формирање на паралелки со помалку ученици во основните и средните училишта, а за градинките за упис на поголем број на деца во групите.  Во дискусиите каде што и овој пат се конаститра дека се намалува бројот на запишани ученици во основните и средните училишта советниците меѓусебно се обвинуваа за причините кои доведуваат до ваквата аларманта состојба од година во година. Рака на срце и од опозицијата и позицијата беше искажана загриженост за состојбите и се слушнаа предлози како да се надминат причините за иселување на охриѓани и заминување во странство. Паднаа предлози да се искористат сите ресурси за да ја зајакне економското живеење во Охрид, да се запре со партиските вработувања, а да им се даде можност за вработување на квалитните кадри.  Социјалдемократите и нивата коалиција дадоа согласност за формирање на паралеки со помал број на ученици, но не се согласија со  зголемување на бројот на  децата во  градинката. Околу прашањето како да се надмине ваквата ситуација во обарзованието, советничката од опозицијата Жаклина  Лазареска со став.

„Да седнеме и да се договариме со каков проект ќе ги вратиме младите овде. Да им дадеме подобри услови и да се вратат да дадеме различни идеи во различни сфери. Ние и во различните политички партии да се надминеме и на претсојните парламентарни и локални избори да имплементираме што повеќе идеи за подобар живот за младите во земјава“, порача Жаклина Лазареска од името на советничката група на опозицијата во советот.   

Секретарот на општина Охрид со став дека темата ообразование и сотојбите во оваа сфера заслужуваат внимание и треба да се преземат мерки и активности.

„Треба да се има предвид дека опшеттсвото е отворено и секој човек си ја бара својата иднина и егзистенција каде што смета дека му е најдобро. Во таа глобалзиација оние кои исполнуваат критеиуми и можнсоти и знање се одлучлуваат да мигрираат тоа е појава во светски рамки. А за ислеувањето од Охрид Локалната самоуправа она што го има како надлежност се труди да преземе мерки за тоа да се надмине за подбрување на еконсмксите услови за живеење на граѓаните“, истакна Спасески.
Советниците од позицијата ги усвоија и извештаите за финансиското работење на јавните претпријатија и администрацијата на Локалната самопурава  и за остварување на општинскиот буџет. Од опозицијата гласаа  против, заради како што кажа советникот Јован Стојаноски, нереалните и лажни финансиски извештаи кои им се презентираат, а јавните претпријатија лошо работат. Дискусии имаше и за општинскиот буџет каде што имаше повторно спротивставени  политички ставови на опозицијата и позицијата за тоа каква е досегашната реализација на планираниот општинскиот буџет, каде што има потфрлања во делот од очекуваниот прилив од  комунални такси.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top