Македонското општество старее, Македонија старее

Феноменот на интензивното иселување на младите несомнено ќе се одрази на демографската слика, особено во малите градови како што е Охрид.

 |   | 

Охрид сеуште е на врвот на листата градови во Македонија по бројот на иселувања. Нашиот најголем туристички центар интензивно се празни. Имено од Охрид годинава си заминале 643 лица од кои 375 заминале во странство. А, во претходната година, бројот на иселени лица од Охрид бил околу 1.000. Универзитетскиот професор Илија Ацевски објаснува дека феномоенот на интензивното иселување на младите несомнено ќе се одрази на демографската слика, особено во малите градови како што е Охрид. Туризмот сега е единствената стопанска гранка која ги задржува младите да останат да творат тука, но иднината од двеста евра како заработувачка, не е толку светла.

„Од една страна реков дека тоа е нормално, но од друга страна ќе се одрази на развојот на македонското општество и тоа како. И Охрид ја дели таа судбина како крад кој живее неколку месеци, а после останатиот дел од годината преживува на некој начин“ објаснува универзитетскиот професор Илија Ацевски.

Професор Ацевки потенцира дека во Македонија треба да се создаваат услови за подобар живот, животот кој во Македонија во однос на било која европска држава нема да се разликува толку, особено за младите, зошто само со создавање на реални претопоставки за еден подобар живот, ќе се намали потребата да се живее некаде далеку од Македонија.

„Во тој контекст ќе претсане тоа ислеување, Македонија нема да остане празна, че дојдат луѓе од Африка, од Блискиот Исток од земји кои имаат далеку, далеку помала заработувачка од македонците тука и тоа е природно, но Македонија е мала држава.Треба она што се нарекува квалитет она што е образовано што значи кавилатетен придонес за развојот на државата треба да се задржи“ потенцира професор Ацевски.

Феноменот на зголемено иселување на младите во периодот кој доаѓа ќе добива на интензитет, објаснуваат експертите. Покрај демографските последици, несомнено истиот ќе предизвика и економски проблеми од кои најистакнат ќе биде недостигот на работна сила.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top