Сеп 6, 2016

Учениците и професорите од охридските училишта да бидат ориентирани кон успехот

Поттик за учениците и професорите од Охридските училишта да бидат ориентирани кон успехот. Денес Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески оствари средба и со наградените ученички на меѓународни натпревари по математика. „Тоа е еден фундамент и есенција на градење на основите и темелите на едно здраво општество како што е Општина Охрид, без кои неможе да се гледа прогресот на едно општество“ рече Градоначалникот Бакрачески. Бакрачески потенцира дека, ЛС веќе неколку години прави напори да ги поддржи ваквите ученици со неколку мерки и секако низ една координирана активност меѓу ЛС, менаџ…

Сеп 6, 2016

Директорите на охридските училишта со отчет пред градоначалникот

Координативна средба на градоначалникот со директорите на основните и средните училишта од градов. Целта е Бакрачески и Локалната самоуправа да се запознаатсо активностите кои менаџерските тимови на училиштата ги спроведоа за време на подготвителниот период, како и за понатамоштните тековни активности. „Сите училишта подготвени ја започнавуаат новата учебна година основните потреби на училиштата се обезбедени и адекватно планирање, снабдување со огревно дрво и нафта и регулирање на транспортот на учениците кои се законска обрвска на училиштата“ информира градоначалникот. Речиси во сите уч…

Сеп 6, 2016

Изградбата на спортската сала за учениците од Кочо Рацин се одолговлекува

Околу 380 ученици од ОУ Кочо Рацин со нетрпение ја очекуваат изградбата на училишната спортска сала. Учениците така ќе може да изведуваат редовна настава и во зимски услови, а не во училниците. Иако, од Министерството за образование и наука најавуваа дека темелите на салата ќе бидат удрени во декември мината година тоа не се случи нити на почетокот од оваа школска година. Од Локалната  самоуправа признаваат дека процедурата траела подолго, а како главна причина ја наведуваат правната процедура  за разарешување на имотно-правните односи за дел од парцелата каде што треба да се гради салата.„…

Сеп 6, 2016

Пензионерите до крајот на овој месец треба да ги добијат дрвата

  Дел од пензионерите кои се снабдуваат со огревно дрво преку Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца стравуваат оваа зима да не останат без дрва. Велат дека минатата година поради недостиг на огревно дрво не им стигнале нарачките па биле принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Од здружението смируваат дека тоа нема да се случи оваа година бидејќи дрва има доволно за сите. Додаваат дека најголемиот дел од пензионерите кои купуваат дрва преку Здружението на пензионери веќе се снабдени. До крајов на месецов треба сите да го добијат огревното дрво, но доколку ги имаат исплатено сите …

Авг 5, 2021

ВМРО ДПМНЕ : Георгиески вработува пожарникари, а укина средства за униформи и обувки

Георгиески лицемерно пред избори глуми загриженост за Територијалната противпожарна единица во Охрид затоа што ниту се грижи за подобрување на условите за работа на пожарникарите, ниту за набавка на дополнителна опрема и возила. Додека Георгиески вработува 6 нови пожарникари без срам целосно ги скрати 1.700.000 денари за униформи, интервенциско противпожарно одело и заштитно одело за шумски пожари и интервенции и ги намали средствата за обувки. Георгиески да им каже на пожарникарите зошто оваа година нема да добијат К-15? – јавно праша портпаролот Божиновски. Новите вработувања, кои с…

Сеп 6, 2016

Охридското одделение на државниот пазарен инспекторат за јули и август извршил 350 контроли

  Одделението на државниот пазарен инспекторат во месеците јули и август извршил вкупно 350 надзори на подрачјето на општина Охрид. Како што за ТВМ открива раководителот на оддлението Ѓорги Бошалески, констатирани биле 24 прекршоци, поднесле 16 барања за суд и 2 до прекршочната комисија. Биле одземени производи во вредност од 25 300 денари од непознатилица како и 2150 денари од познати лица кои продавале текстил во движење. Исто така државниот инспекторат изрекол глоби  во износ 25 000 евра и мандатни казни 500 евра согласно според законите за трговија, угостителска дејност, заштита од пуш…

Сеп 5, 2016

Дали Охридско-струшкиот регион е подложен на феноменот водена бомба

Охридско-струшкиот регион според својата географска поставеност не е подложен на појава на феноменот водена бомба. Но за да има поточни податоци околу тоа, треба да се направат детални истражувања во кои ќе бидат опфатени сите фактори кои придонесуваат за да дојде до овој природен феномен кој се случи пред еден месец во околината на Скопје, кога настанаа големите поплави кои завршија со жртви. Стив Мек Нолти, професор од САД и претставник на Американските шумски служби кој веќе триесет години се занимава со научно истражувачка работа во оваа област, вели дека природните непогоди не можат да…

Сеп 5, 2016

Охридските пензионери и понатаму освојуваат медаљи

Охридските пензионери најдобри тркачи. Тие на 21виот републички спортски натпревар на пензионери во Македонија одржан на 3ти септември во Радовиш освоија две први места во трчање и едно во екипна конкуренција, женската екипа во стрелаштво, а охриѓанката Снежана Милошеска по втор пат досега е прогласена за најдобар стрелец. Сите овие резултати се постигнати со голем труд и ентузијазам на луѓето од третата доба. Благица Маркулеска која освои прво место во трчање вели дека тоа што е пензионер не ја спречило да се занимава со оваа дисциплина која ја сака уште од дете.Јас уште од дете го сакам т…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top