Во рамки на своите едукативни програми и позитивните искуства Црвен крст Охрид започнува нов циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language) која во вид на часови ќе започне на 29 септември 2016 г, а ќе ја спроведува тим на професори по англиски јазик, предводен од Александер Џоунс, волонтер на Мировен корпус Македонија кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.
TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик. 9000 унвирезитети, колеџи, агенции го пр…
Согласно одлуката на Комисијата за доделување на субвенции при Секторот за туризам и ЛЕР, донесена е одлука за доделување на вкупно 44 субвенции со вкупен износ од 220 000 денари.
Во категоријата за субвенционирање на граѓани за даватели на услуги на сместувачки капацитети од мал обем доделени се субвенции на 12 апликанти. За туристички водичи доделени се субвенции на 25 апликанти, за даватели на услуги во селски туризам доделена е субвенција на 1 апликант, а во категоријата на даватели на услуги поврзани со воден превоз и други рекреативни активности на вода доделени се субвенции на 6 а…
Време на најголеми инвестиции на спортот во Охрид. Денеска свечено беа пуштени во употреба новите три тениски игралишта во рамки на СРЦ „Билјанини Извори“. Градоначалникот Никола Бакрачески, истакна дека тениските терени се изградени согласно сите стандарди на интернационалната тениска асоцијација. Додаде дека тука не запираат и потсети, дека во полн ек била изградбата на затворениот пливачки базен кој би требало да го реинкарнира пливањето и ватерполото во градов, а најави и отпочнување со реконструкција и на отворениот пливачки базен.
„Оваа слика која ја имаме изминатите две години ги…
Една година Министерството за одбрана на Република Македонија, го реализира проектот „Правни аспекти на поддршката на цивилни институции и организации од страна на одбраната – вооружените сили”.
Станува збор за размена на искуства помеѓу САД и Македонија во справување во кризни ситуации. Тоа е дел од проектот „Правни аспекти на поддршката на цивилни институции и организации од страна на одбраната – вооружените сили”, проект организиран заедно со Американската амбасада во Република Македонија. Денес на форумот во Охрид, се дискутира за главните аспекти од употребата на армијата во услови на…
Екипи на ЈП „Нискоградба“ на целата територија на општина Охрид започнаа со чистење на атмосферската и канализационата мрежа. Започнаа од централното градско подрачје за кое велат дека има мошне критични точки, а ќе продолжат и кон периферните делови од градот.„За да функционира подобро целиот систем и цевководот за одведување на отпадните води годинава ќе се прави поопсежно чистење. Бидејќи во изминатиот период се направи скенирање и се утврдија некој точки кои се покритични со цел да нема проблеми во иднина се прави ова чистење. На дел од критичните точки ќе се направи и реконструкција …
Мозаиците се специфична уметност најчесто се среќаваат како подна декорација. На Римските археолошки локалитети ги има најмногу, успеале под рушевините да бидат зачувани. Но кога еднаш ќе бидат откронеи почнува борвата за нивна заштита за да не пропаднат. Таа е и целта на меѓународни мозаичари и конзерватори кои заедно на трета средба во Охрид, сo реализација на проектот See mozaiks 3, ќе дискутираат за повеќе проблеми во мозаичната заштита.Во Охрид вомоментов има голем број на археолошки локлаитеи на кои се откриени мозаици, информира Никола Упевче конзерватор на мозаици и организатор…
Неколку семејства вознемирени откако забележале дека гробовите на нивни блиски биле оставени недозатрупани со земја на градските гробишта во Охрид. За случајот веднаш алармирале во ЈП Градски Гробишта но и до редакцијата на ТВМ. Граѓаните сметаат дека треба да постои законска одредба, која ќе предвиди колку една гробница треба да биде покриена со земја. Случајот го потврдува и првиот човек на ЈП Зоран Симоноски. Тој вели дека забелешките и приговорите на граѓаните држат, но дека се упатени на погрешна адреса. Симоноски цитирајќи го Законот за гробишта тврди дека приватните погребални опе…
Охрид доби уште едно детско игралиште, уште едно катче во кое најмладите ќе може безбедно да го минуваат слободното време. По налог на Секторот за комунални дејности,економскиот оператор успешно ја реализираше изградбата на детското игралиште кај поранешен „ Стобекс“ во населбата „ Видобишта“. Во рамките на градежните активности беа поставени детски и спортски реквизити на постоечкиот простор и истиот беше соодветно хортикултурно уреден, истакна Љупчо Танески од Сектор за комунални дејности сообраќај и улици при Локалната Самоуправа.
„Релизацијата на овој проект ќе продолжи и во иднина до …