Ќе се гради пристапен пат до локалитетот „Сини Вирој“. Тое е предвидено со проектот за развој на рурален туризам за кој проект општина Дебрца денес ја прими проектната документација, од страна на Министерката за локална самоуправа Ширет Елези и постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон. Градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски во телефонска изјава за ТВМ истакна дека овој проект за нив како општина е од исклучителна важност, бидејќи покрај што ќе се уреди еден локалитет, истиот ќе претставува атракција која ќе може да влезе во туристичката понуда на оваа рура…
Прекрасна музичка разгледница со контрабас и пијано донесоа на „Охридско лето“ извонредните македонски уметници Ѓорѓи Цинциевски и Марија Вршкова вчеравечер, со нивниот концерт во црквата „Света Софија“.
Програмата ја започна контрабасистот Цинциевски со делото „Инвокација за соло контрабас“ од чешкиот композитор М.Гајдош, а потоа следуваше премиерна изведба на „Сонатата за контрабас и пијано“ од К.Рајнер, историски интересно дело пишувано во концентрационен логор, истовремено мрачно и динамично. Беа отсвирени нови дела од македонскиот композитор Дамјан Темков, премиерна изведба на македон…
Денес беше означен почетокот на градежните активности за изградба на новата автобуска станица во Охрид. Со тоа ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите на градот и бројните туристи, кои автобускиот превоз досега го чекаа на обична асфалтирана површина во несоодветни услови, истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Тој додаде дека компаниите кои придонесуваат за развој на локалната економија во градот и создаваат услови за креирање на нови работни места се добредојдени, бидејќи ја исполнуваат стратешката определба на општина Охрид.
„Од овде ја започнуваме ерата на реализација на в…
Учениците од спортските парлелки за фудбал и ракомет од почетокот на учебната година не одржуваат часови по три предмети. Тие губат настава по биологија, психологија и математика, се жалат родителите. Прашуват како децата ќе бидат отценети по овие предмети кога часовите не се одржани. ТВМ дознава дека за ваквата состојба во Спортската академија во Охрид известен бил и Државниот просветен инспекторат и Бирото за развој на образованието, како и Локалната самоуправа.Морам да истакнам дека ние како Локална самоуправа немаме никакви ингеренции во однос на работењето на Спортската академија. Наша…
Денес на домашен терен нивен противник ќе биде екипата на Еурофарм Работник, единствената екипа која му нанесе пораз на охридскиот ракометен клуб оваа сезона.
После првите одиграни девет кола охридските ракометари се први на табелата. После рутинската победа врз младата екипа на Работнички, вечерва, во рамките од 11-та рунда од Супер лигата, ги очекува противник од кој досега гладијаторите го имаат единствениот пораз во оваа сезона. Капитенот Крсте Андоновски знае дека станува збор за искусна екипа, но уверен е дека со помош на охридската публика мислам дека ќе го добијат овој натпревар.
…
Неедуцираноста за движење во планина најголема опасност за сите љубители на планината, посебно во зимски услови. Во Охрид одлично функционира Единицата за спасување во планина која брои околу 30 волонтери од кои 10 алпинисти а останатите се подготвени искусни планинари. Антонио Додоски укажува на можните опасности со кои може да се сретнат рекреативците но и професионалците кои се искачуваат на географски места над 1500 надморска висина каде што владеат субалпски услови.
„Многу често се случува несоодветната опрема да е причина за настанување на некои од несреќите на планина, значи да …
На 13.500 старници е промовирана едицијата на документи со наслов „Црните страници на УДБА“. Едицијата го опфаќа периодот на делување на тајните служби врз поединци па дури и цели семејства кои имале идеи за независна и обединета Македонија во периодот од 1945 до 1990 , па и до 2000 година. Во државниот архив има 15.000 досиеја, а се објавени 202 досиеја. Има и еден дел од лустрираните кои се занимавале со уништување на туѓи животи, посочува директорот на Државниот архив Филип Петровски „Наша иницијатива е еднострана. Она што го објавивме е само почеток и претпоставуваме кога ќе ги над…
„Карпош Војвода“, „7 ми ноември“, „Туристичка“ се само дел улиците во градов, каде има големи ударни дупки. Возачите кои често минуваат по овие улици ги знаат овие дупки па се трудат вешто да ги избегнат, но сепак не успеваат секогаш, посебно кога од спротивна страна наидува друго возило. Но има и такви кои прв пат поминуваат низ овие улици, дирекно удираат во нив и често се случува да ги скинат гумите. Според најавите на првиот човек на градот Никола Бакрачески, тешко дека до крајот на оваа година истите ќе бидат санирани.
„Оваа година општина Охрид ја заврши тендерската постапка за са…