Загрижувачкиае реалната сосотојба во Македонија со отпадот. Само 1% од целокупниот отпад се селектира и рециклира, додека пак 99% од истиот завршува на депонија, односно неселектиран. Овие податоци ги изнесе Ива Апостолска од Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“. Апостолоска истакна дека во подготовка е концептот на одржливост на циркуларна економија кој се нарекува „нула отпад“, а кој веќе го практикуват 308 општини од неколку европски држави кои се во мрежата „Нула отпад Европа“
„Тој концепт се стреми општините или заедницата дури градови кои ќе се нафатат да го им…
Расте од година во година бројот на туристи кои престојуваат во Охрид за Новогодишните празници. Тоа се должи на промоциите кои се прават за Охрид во светот, но и на збогатената туристичка понуда која ја прави градот за да привлече странски и домашни гости, вели Олег Маленко од туристичката агенција „ Вис пој“.„Според моите информации и букингот кај мене гледаме дека има зголемување на гости во споредба со минатата година. Од разговорот со хотелиерите во хотелските капацитети се е веќе букирано и има слободни места уште во приватното сместување. Во Охрид има сместувачки капацитети за си…
Во 5-та изборна единица листата на кандидати за пратеници на владејачката ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ја предводи Антонио Милошоски, а меѓу кандидатите во петката се и двајца охридски доктори, Љубен Арнаудов и досегашниот пратеник Сашо Василески. Антонио Милошоски,на митингот во Охрид, истакна дека со успех се носат со товарот оставен од предходниците, како затоврени фабрики, неизградени патишта и армија на невработени и најави реализиација на многу проекти.
„Во нашата програма Охрид, ќе добие марина, која ќе се изгради и ќе ги подобри капацитетите на Охридското езеро, и…
Локалната самоуправа е подготвена за одржување на улиците кои се во нејзина надлежност во зимски услови. Секторот за комунални дејности, улици и патишта изработи предлог оперативна програма за нормално и непречено функционирање на сообраќајот во зимски услови. Оваа програма е изработена во соработка со Македонија пат и СВР Охрид. Целта на оваа оперативна програма е сите субјекти заедно да делуваат за да не дојде до никаков застој на сообраќајот при поголеми врнежи од снег и голомразица.
Во моментов временските услови се поволни и граѓаните не се оптоваруваат со одвивањето на сообраќајот во…
ЈП „Охридски комуналец“ има отворен месечен налог од општинскиот инспекторат за чистење на критични места. Инспекторатот за оваа намена може да побара од ЈП Комуналец да подига и расчистува шут и други видови отпад во различни делови од градот и вон населените места. Досега претпријатието за градска чистота по налог на инепкортот постапувало на 23 критични точки, кажува портпаролот Томе Џамтоски.„Ние имаме отворен месечен налог кон ЈП Комуналец и тие може да постапуваат повеќе пати дали по пријава од комуналните редари или градежниот инспектор, од граѓани и правни лица:до Овој момент се…
Во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе настапат грчките уметници Захаријас Тарпагос на флејта и Валерија Харитиду на пијано.
Захаријас Трапагос е постојан флејтист на Грчката национална опера во Атина, а неговите солистички настапи го водат во најпрестижните концертни сали во светот како салата „Чајковски“ во Москва, Симфони хол во Бостон, салата „Квин Елизабет Хол“ во Лондон, салите во Атина, Солун, Токио, салата на фондацијата Оназис и многу други. Како еден од членовите на составот „Армониа атенеа“ и „Камерата мјузик“ има остварено снимки за Дојче грам…
Kоалицијата ВМРО за Македонија, на овие избори ќе биде вистинско изненадување и ќе претставува клучен фактор за формирање на идната Влада во Република Македонија, но и клучен фактор во идните процеси за демократизација, економски напредок и забрзана евро-атланска интеграција ,истакна на прес конференција шефот на општинскиот изборен штаб Јоне Станкоски. Иако во својата политичка основа, коалицијата се води од десничарската определба, сепак на овие избори очекуваме голема поддршка од центарот и од левицата, но и од неопределените гласачи бидејќи сме сигурни дека граѓаните се свесни за потер…
Автобуските постојки за линиски сообраќај во Охрид се без возен ред. Граѓаните реагираат дека чекаат долго автобус на линскиот превоз затоа што не се информирани кога и за каде автобусите поаѓаат.
До редакцијата на ТВМ се пожали охриѓанец кој минатата недела чекал на постојката кај гимназија градски превоз за населбата Видобишта. Дури по час и половина дознал дека нема возен ред и градска сообраќајна линија во недела. Вели ако имало поставено информација на постојката дека во недела не се вози на градскиот линсики превоз немал да загуби непотребно толку долго време. Додава дека сега д…