Коалицијата за подобра Македонија со митинзи во Ресен Охрид и Струга

Кандидатите за пратеници од Охрид,  претседателите на партиите кои се во коалицијата за подобра Македонија, носителот на листатата во петтата изборна единица, и претседателот на ВМРО ДПМНЕ ги испорачаа своите ветувања до граѓаните од новата програма „Реално“.

 |   | 

Во 5-та изборна единица листата на кандидати за пратеници на владејачката ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ја предводи Антонио Милошоски, а меѓу кандидатите во петката се и двајца охридски доктори, Љубен Арнаудов и досегашниот пратеник Сашо Василески. Антонио Милошоски,на митингот во Охрид, истакна дека со успех се носат со товарот оставен од предходниците, како затоврени фабрики, неизградени патишта и армија на невработени и најави реализиација на многу проекти.

„Во нашата програма Охрид, ќе добие марина, која ќе се изгради и ќе ги подобри капацитетите на Охридското езеро, и понудата во туризмот, ќе добие и конгресен конференциски центар со 1500 седишта и пет сали“ рече Антонио Милошоски – носител на листа на Коалицијата за подобра Македонија од петтата И.Е.

Милошоски додаде дека Охрид и Струга, Преспа и Крушево и сите места во 5-та ИЕ, ќе имаат подршка за туризмот. Кандидатот за пратеник , Др. Сашо Василески, истакна дека токму од Охрид започнува да се трасира патот кон ново парламентарно мнозинство со повеќе од 63 пратеници.

„Драги мои охриѓани верувајте во нас ќе имате постојани сојузници кои покрај развојот на нашиот Охрид ќе се борат и за развојот на сопственоста и стабилноста на РМ“ објасни Др. Сашо Василески – кандидат за пратеник – Коалицијата за подобра Македонија.

Др. Љубен Арнаудов како кандидат за пратеник на Коалицијата предводена од ДПМНЕ, потенцираше дека привилегијата да се биде кандидат за пратеник на оваа коалиција е еднаква на привилегијата да се биде за татковината, за зачувување на нашите вредности оставени како аманет од нашите претци.

„Ние сме сериозна политичка партија а нашите стратегии водат кон целовитост на нашата татковина. Денес можеме да презентираме дека се она што беше презентирано како визија во изминатите години, на ВМРП-ДПМНЕ, успешно се имплементираше, ветеното стануваше реалност, дадениот збор беше одговорност, за на крај да се стигне до отчетност, пракса која се наметна во секојдневното работење“, посочи Арнаудов.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски кој последен им се обрати на присутните рече дека новата програма на ВМРО-ДПМНЕ е реална и содржи над 500 страници на конкретни проекти. Кажа дека до 2020 година ќе бидат отворени нови 70.000 работни места, 

„Направивме многу и во Охрид. Германскио „Костал“ започна со работа, ги прими првите вработени, а бројот до нова година ќе достигне 200. Планираат нови 1000 дирекни работни места плус многу индирекни. „ОДВ“ електрик работи во моентов и гради нова фабрика. И двете ќе завршат со нови фабрики во слободната економска зона Охрид Струга со 2000 дирекни вработувања“ рече Никола Груевски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски порача дека овие избори биле референдум за тоа во каква Македонија граѓаните сакаат да живеат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top