Градските автобуски постојки се без возен ред

Градските автобуски постојки во Охрид се без возен ред.

 |  Валентина Неловска  | 

Автобуските постојки за линиски сообраќај во Охрид се без возен ред. Граѓаните реагираат  дека чекаат долго автобус на линскиот превоз затоа што не се информирани кога и за каде автобусите поаѓаат.

До редакцијата на ТВМ се пожали охриѓанец кој минатата недела чекал на постојката кај гимназија градски превоз за населбата Видобишта. Дури  по час и половина дознал дека  нема возен ред и градска сообраќајна  линија во недела. Вели ако имало поставено информација на постојката дека во недела не се вози на градскиот линсики превоз немал да загуби непотребно толку долго време.  Додава дека сега доаѓа зима па би било добро да се постават и информативни табли за граѓаните кои користат редовно или повремено градски превоз. Реагира дека постојките како да се наменети за странци,  а не и за нашите граѓани, бидејќи  има информации за градот и езерото ама нема  информации за оние што чекаат превоз кога и до каде се  вози од таа постојка.

 

Портпаролот Љупчо Танески од фондот за комунален развој, сообраќај и улици напоменува дека табли со возен  ред ќе се поставуваат од 2017 година.  Информира дека од идната година ќе бидат поставени уште неколку современи автобуски постојки низ градот каде што патниците ќе може да чекаат превоз.   

Инаку , за поставувањето на 5 -те нови постојки во градот, кое се релизира по три пропаднати тендери, чинеше 1.040.000, 00 денари, а  го изведе  скопската фирма „Турбо инжинеринг“ специјализирана за поставување на автобуски постојки.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top