Дек 9, 2016

ОК ВМРО ДПМНЕ: Инвестирањето во здравствениот систем отсекогаш бил и ќе биде приоритет на ВМРО ДПМНЕ

Фрустрацијата на СДСМ како што доаѓа се поблиску изборниот датум очигледно кулминира. Замислете на еден ваков голем христијански празник да се користат лаги, небулози и несоодветни вокабулари се со цел да се добие одреден политички поен е крајно неетички и неморално,се вели во писмената реакција на ОК на ВМРО ДПМНЕ на изнесеното на пресот на СДСМ за состојбите во македонското здравтво.Реакцијата ја пренесуваме во целост: Да зборувате за Општата болница во Охрид во негативен контекст е повеќе од дегутантно, особено денес кога самата Општа болница може да се престави како еден од најсовремени…

Дек 8, 2016

Љубе Бошкоски носител на пратеничка листа за 5 -та изборна единица го посети Охрид.

Љубе Бошковски носител на пратеничка листа за 5 -та изборна единица го посети Охрид. При тоа кажа времето на владеење на оваа власт од една деценија е доволен период  да ги видиме резулатите. Доколку погледнеме што е направено за овие десет години ќе сфатиме дека 10 години живеевме во една недемократска држава. Каде што не владееше правото и се газеше човечкото достоинство и вредности.  Бошковски при посетата на Охрид, за време на чествувањето на Св.Климент, потсети на она што било напрвено за време на владеењето на поранашната Влада на Љупчо Георгиески во периодот 1998 до 2002 година и што…

Дек 8, 2016

Тунтев: Сегашниот здравствен систем во Македонија не ги лечи луѓето… ги разболува

Состојбата во охридската Општа болница секојдневно станува се‘ поалармантна, затоа што пациентите се соочуваат со крајно лоши и нехумaни услови. Нема греење, хигиенските услови се очајни, ги нема потребните лекови, ги нема потребните медицински материјали, ги нема потребните лекари специјалисти, кажа на прес конференција Томислав Тунтев, кандидат за пратеник од СДСМ. Тунтев додаде дека  неколку милиони евра народни пари до сега напразно и криминално биле потрошени за охридската болница.Власта пред 3 години рече дека инвестицијата за општата болница чинела вкупно 4,3 милиони евра, додека за …

Дек 8, 2016

Василески: Охрид до 2020 година со Скопје ќе биде поврзан со модерен и сигурен автопат

  Кандидатот за пратеник Сашо Василески, на денешната прес конференција каде што се одвиваат градежниите работи околу автопатската делница Кичево, Охрид најави дека од напролет ќе почне изградбата на автопатското решение од Требеништа кон Струга а набрзо во 2017 ќе се почне со изградба на автопатот Кичево, Гостивар, така што Охрид до 2012 година, со Скопје и Европа ќе биде поврзан со модерен брз сигурен автопат. „Патната инфраструктура претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата и е од големо значење за подобрување на условите за животот на граѓаните за кои ВМРО ДПМ…

Дек 8, 2016

Откриени две спомен плочи во дворот на црквата Перивлепта

Во чест на одбележување на патронатот на градот Охрид, Лајонс клубот Лихнидос  одржа повеќе активности. Беа откриени две  спомен плочи во кругот на црквата Богородица Перивлепта. Едната посветена на Михајло Пупин донаторот на камбанаријата во црквата Перивлепта.  Другата, покрај  кочаџикот стар 130 години  засаден од Григор Прличев и охриѓани кон крајот на 19 век. Со овие две спомен обележја Лајонс клубот Лихнидос има за цел да ги потсети охриѓани на минатото од градот, истакна Зоран Тунтев од Лајонс Клуб Лихнидос.  „Преку клубот одлучивме да му дадеме достојна почит на светото дрво кое е з…

Авг 12, 2021

ВИДЕО: Комбе заглави во езеро на плажата Градиште

На социјалните мрежи се појави видео од плажата Градиште во Охрид. На видеото кое се појави на инстаграм брзо се прошири и на другите социјални мрежи. На видеото може да се види како комбе е влезено во Охридското езеро. Според првични информации на социјалните мрежи човекот пробал да извлече чамец, но брановите го зафатиле и се заглавил. Граѓаните кои се најдоа на плажата се обидуваа да му помогнат и да го извлечат од езерото. Погледнете го видеото на следниот линк

Дек 8, 2016

Плаошник претесен за верниците

Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон, свети Климент Охридски – Чудотворец кој е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа и најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет. Денес охриѓани го посетија светиот храм на Плаошник со цел да се поклонат пред моштите на овој светител и да се помолат за здравје и …

Дек 8, 2016

Одбележан патронот на градот и 1 100 год од упокојувањето на Св Климент Охридски

  Охрид со свечена академија одбележа 1.100 години од упокојувањето на заштитникот на градот, Свети Климент Охридски. Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, во преполнетата сала пред присутните гости, се обрати градоначалникот Никола Бакрачески. Тој истакна дека одбележувајќи 11 века под закрилата на патронот Св Климент Охридски, неговите зборови „тргај се од злото и прави добро“ се поука дека од морална одговорност нема спасение. „Создателот на Охридската книжевна школа, Првиот словенски универзитет и јазичното ни писмо ги довика своите ученици и од „добар корен“ ги израсна во з…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top