Учениците од гимназијата Св „Климент Охридски“ ја заокружија 2016 година со уметничка изложба. Изложбата беше со тематски карактер во знакот на Нова година. Беа изложени голем број дела преку кој учениците го покажаа својот уметнички талент. Емилија Прентоска ученик во 3 клас е една од ученици од сите 4 години кои ја презентираа својата вештина и уметничката наклоност.„Најмногу од се обрнав внимание на накитот. Интересно ми е да го работам и имам најмногу волја за негова изработка“, кажува Прентоска. Професорката Катерина Слатиноска организатор на денешната изложба информира дека делата…
Ги одбројуваме часовите од 2016та. За некого година која ќе ја памети, а за некого година која сака што побрзо да ја заборави. Многу настани ја одбележаа годината на одминување, од политички турбуленции во државаа, протести, контрапротести, избори, културни настани, кои поуспешни кои помалку, спортски настани со издвојување на Олимпијадата и многу други.Како некои од личностите од јавниот живот во Охрид ја доживеаја 2016 и по што ќе ја паметат?Оваа година е една од потензичните на политички план кога политичката криза доживеа кулуминација и после овие предвремени парламентарни избори. Смета…
Лекарите апелираат за умерено конусмирање на храна и алкохол, но и за соодветна заштита од студот сега кога вирозите ги полнат амбулантите. Службата на итна медицинска помош од градов за празнициве ќе им биде на располагање на охриѓани и туристите 24/7.
„Кога има зголемен прилив на турисити или гости во градов или за вакви празници работиме со зголемена приправност а бројот на екипи лесно можеме да го зголемиме во зависност од потребите, од постојаните две екипи, на три и четири па и пет ако има потреба. И службата за итна медицинска помош и дежурната служба која работи во склоп на оваа сл…
Вечерва кај црквата „Св. Петка” во село Велгошти ќе се одржи традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.
Предвидена е богата програма, а ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго. По обраќањето на претставник на општина Охрид ќе биде доделена наградата за најдобар расказ. Годинава добитник на наградата „Живко Чинго“ е Јована Матевска Атанасова, романсиерка и рецензентка, автор на расказот „Пура во Осака“.
Покрај тоа, ќе биде промовирана „Книга за Чинго“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а промотор ќе биде проф.д-р Виолета Ачкоска, по што…
Почна одбројувањето на часовите до најлудата ноќ. Балканскиот бисер Охрид, подготвен е за дочек на Новата 2017 година под отворено небо на градскиот плоштад. Украсен во новогодишно руво, со голема елка во центарот, многу светлечки елементи низ целиот град, како и друг празничен декор, Охрид ги очекува илјадниците гостите кои одлучиле најлудата ноќ да ја минат на охридското крајбрежје. Првиот човек на градот Никола Бакрачески истакна дека вложиле максимален напор за разубавување на градот онака како што доликува за еден познат туристички центар, кој се стреми да биде позната туристичка де…
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески на предновогодишен ручек со ранливата категорија на граѓани од Охрид. И годинава традиционално по 6 ти пат, ОО на Црвениот Крст во соработка со Локалната самоуправа го организираа овој настан. Сакаме на еден симболичен начин да го означиме заедништвото со нив, како и да дадеме допринос кон општите сваќања на заедницата дека и оваа категорија на граѓани на Охрид придонесува подеднакво за секојдневното живеење во општината, истакна Бакрачески. Тој укажа дека континуирано во текот на цела година преку разлчични хумани мисии помагаат на ранливата ка…
Работниците како последна можност во заштитата на нивните синдикални права бараат помош од синдикатот. 16 работници побарале заштита на работничките права преку Регионалното претставништво на синдикатот во Охрид. Во моментов општинскиот синдикат на ССМ има поднесено 16 приговори, 7 тужбени барања, 4 жалби, 5 пресуди до јавно обвинителство и 6 управни постапки по различни правни основи, информира Драган Цветкоски од регионалното претставништо на ССМ. „Претежно се однесуваат за неисплатени плати, синдикални права, прекувремена работа. Има доста организации каде се злоупотребува правото на …
Членките на Ж.Ц. „Бисера“ ги посетија болните дечиња, кои се наоѓаат на лекување во одделенијата во охридските болници и им поделија новогодишни пакетчиња.
Инаку, оваа година покровител за пакетчињата се членките на Ж.Ц. „Бисера“ заедно со госпоѓа Мирјана Тодоровска, која воедно беше и покровител на годинешното издание на манифестацијата „Тортијада“.