Бакрачески: Да креираме нови работни места

Силна порака упати градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески, на денешната предновогодишна забава со ранливата категорија на граѓани. Тој истакна дека најважна работа кон која што треба да се стремиме е да креираме нови работни места каде што семејствата кои се под социјален ризик ќе имаат можност да најдат работа и извор на егзистенција.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески на предновогодишен ручек со ранливата категорија на граѓани од Охрид. И годинава традиционално по 6 ти пат, ОО на Црвениот Крст во соработка со Локалната самоуправа го организираа овој настан. Сакаме на еден симболичен начин да го означиме заедништвото со нив, како и да дадеме допринос кон општите сваќања на заедницата дека и оваа категорија на граѓани на Охрид придонесува подеднакво за секојдневното живеење во општината, истакна Бакрачески. Тој укажа дека континуирано во текот на цела година преку разлчични хумани мисии помагаат на ранливата категорија на граѓани и дека со тоа темпо ќе продолжат и понатаму.

„На некој начин придонесуваме за подигнување на социјалната заштита на сите семејства во Охри, посебно на семејствата кои се социјално погодени. Ќе го правиме тоа и во иднина и се надевам дека на некој начин придонесуваме барем за момент или за одреден сегмент да ги помагаме или намалиме маките на овие семејства. Секако дека најважна работа кон која што треба да се стремиме е креирањето на нови работни места каде што овие семејства ќе имаат можност да најдат работа и извор на егзистенција и да се самоодржуваат и да има се помал број на вакви граѓани“.

Секоја година настојуваме предновогодишниот амбиент да го донесеме барем на момент кај нашите сограѓани кои се под социјален ризик, истакна Сашо Точко, претседателот на Црвениот Крст од Охрид. Тој нагласи дека како организација не можат да им го решат проблемот на социјалците, но, се обидуваат во текот на цела година преку различни активности да им ублажат дел од проблемите со кој се соочуваат.

„Најмладите, дечињата ќе се дружат со Дедо Мраз ќе бидат анимирани од нашите волонтери ќе добијат пакетчиња, а секако возрасните ќе прикажат за своите проблеми ќе разговараат и со градоначалникот и на една предновогодишна дружба ќе им го доближиме и овој предновогодишен празник

А за предновогодишното мени и услуга се погрижија вредните раце на учениците од ОУ „Ванчо Питошески“. Овој пат тие подготвија околу 120 порции кои се сосема доволно за овој настан.

„Менито стандардно е секогаш истото имаме пилешка супа, пилешки стек со печурки со компир и морков како вариво

Интересот на граѓаните за предновогодишниот ручек секогаш е голем. Годинава биле поканети 150 граѓани. На крај на сите дечиња Дедо Мраз им додели и новогодишни пакетчиња а тој момент беше овековечен и со заедничка фотографија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top