Работодавачите се почесто ги кршат работничките права

Работодавачите се почесто  ги кршат работничките права

 |  Валентина Неловска  | 

Работниците како последна можност во заштитата на нивните синдикални права бараат помош од синдикатот. 16 работници побарале заштита на работничките  права преку Регионалното претставништво на синдикатот во Охрид. Во моментов општинскиот синдикат на ССМ има поднесено  16 приговори, 7 тужбени барања, 4 жалби, 5 пресуди до јавно обвинителство и 6 управни постапки по различни правни основи, информира Драган Цветкоски од регионалното  претставништо на ССМ.

„Претежно се однесуваат за неисплатени плати, синдикални права, прекувремена работа. Има доста организации каде се злоупотребува правото на прекувремена работа. Од она што е утврдено со Законот за работни односи, работодавците инсистираат да работат повеќе од она што е дозволено. Она што  е најтрагично тоа право се злоупотребува и не се плаќа, не се исплаќа законската обврска над 150 работни часа во текот на годината со исплата на уште една плата“, кажува Цветкоски.

Во над 70 посто од приватните компании во Охрид  нема синдиклано организирање на работниците. Синдикално организирање на работниците нема ни во двете поголеми компании ОДВ Електрик и Костал. Засега од поголемите приватни компании синдикат функционира само во Леарница, посочува Цветкоски.

„Работодавачите не сакаат да има синдикат од причина што работниците ќе си ги бараат своите права, а  тоа не им одговара на работодавачите. Не дозволуваат да се формираа синдикат кој според Законот за работни односи работниците може доброволно да се зачленуваат во синдикат во соодветните гранки и да си бараат своите права“,  вели Цветкоски.

Од регионалната синдикална организација на ССМ кажуваат дека им  излегуваат во пресрет на работниците кои не се синдикално организирани со правни преземања. Напоменуваат дека работнците кои не се синдикално органзирани во своите компании може да се зачленат во гранковите синдикати преку ССМ. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top