Охрид подготвен за најлудата ноќ

Охрид подготвен за најлудата ноќ. И годинава новогодишната прослава за дочек на 2017 годин ќе биде под отворено небо на градскиот плоштад. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески ветува атрактивна програма со познати имиња од домашната музичка сцена како што се Ѓоко Танески, Елена Велевска и диџеи.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Почна одбројувањето на часовите до најлудата ноќ. Балканскиот бисер Охрид, подготвен е за дочек на Новата 2017 година под отворено небо на градскиот плоштад. Украсен во новогодишно руво, со голема елка во центарот, многу светлечки елементи низ целиот град, како и друг празничен декор, Охрид ги очекува илјадниците гостите кои одлучиле најлудата ноќ да ја минат на охридското крајбрежје. Првиот човек на градот Никола Бакрачески истакна дека вложиле максимален напор за разубавување на градот онака како што доликува за еден познат туристички центар, кој се стреми да биде позната туристичка дестинација.

„Се надевам дека направивме една скромна но атрактивна програма за новогодишниот дочек. Секако дека ќе има неколку музички групи на градскиот плоштад кој ќе го задоволат вкусот на повеќето присутни на новогодишната ноќ и ќе повторам дека правиме онолку колку што ни дозволуваат финансиските можности на градот Охрид. Секако дека централно место ќе заземе нашата охриѓанка Елена Велевска, ќе има и други македонски изведувачи кои ќе го задозволат вкусот за забава и рекреација на плоштад“ – изјави Бакрачески.

Од Секторот за ТЛЕР пак велат, дека со организирање на бројни манифестации, Охрид се стреми да привлекува туристи во текот на цела година.

„На ваков начин ние ја засноваме нашата стратегија во однос на промоција на Охрид и зголемување на бројот на домашни и странски туристи вон летната туристичка сезона“ – вели Апостолов.

Предновогодишниот хепенинг веќе е започнат така што на градскиот плоштад секојдневно има богата програма со настапи на ученици танцови групи и фолклорни ансамбли. А неодамна и хотелиерите од охридско – струшката ревиера се пофалија дека нивните капацитети за новогодишните празници се целосно исполнети со гости. Нивните очекувања се дека оваа година најбројни ќе бидат туристите од нашето соседство од Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора и Албанија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top