Ниските температури кои во вечерните часови достигнуваат до дваесеттина степени под нулата ги зголемија водоводните дефекти во градов. Смрзнати и испукани водоводни цевки, пукнато стакло на водомери во куќите, зградите, се најчестите дефекти кои предизвикуваат штети кај многу охридски семејства велат од МЈП Проаква Р.Е.Водовод Охрид. Влатко Иваноски раководителот на дистрибуција на вода вели дека дневно имаат над 10 интервенции.
„Се работи за водомери кои што не се доволно заштитени, пожелно би било водомерите да се покриени со стиропор со ткаенини, имаме проблеми и со замрзнати вертика…
На местото од некогашното Поштенско одморалиште во централното градско јадро, наместо станбен комплекс, најверојатно ќе се гради хотел. Такви се најавите на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Тој убедува дека во последниве 4 години во делот на урбанизација на централното градско подрачје и старото градско јадро не се случува ништо. Бакрачески вели дека мора да сме начисто околу прашањето на експанзивна и неуредна урбанизација во периодот од 2000 до 2013 и од 2013 до сега.
„Во јавноста се наметнува вештачка тема дека урбанизацијата на Охрид во централното градско подрачје и крај…
Општинската организација на Црвен крст со својата мрежа на волонтери и организираност успева да им помогне на многу охриѓани во социјален ризик. Органзирани се многу собирни акции и хуманитарни активности за да помогнат и спасат животи. Охриѓани се обраќаат за различни видови помош, информира Претседателот на ЦК Охрид Сашо Точков. „Најголем број е да се прехранат. Имаат потреба и од здравствени проблеми. Им требаат лекови, за здравствени интервенции и голем број на луѓе кои немаат основни услови за живот, како што се дом, куќа, струја, вода“, набројува Точков. Во периодот од последнит…
За решавање на работничките спорови во случај на кршење на нивните права, синдикатот го промовира Законот за мирно решавање на работните спорови. Целта е избегнување на судските трошоци за работниците кои често пати и не можат да си го дозволат, напоменува претседателот на синдикатот Драган Цветкоски. „По писмено барање од една или двете страни се назначува определен помирувач или арбитер. Има колективни работни спорови и индивидуални. Во зависност од тоа дали станува збор за колективни се назначува помирувач, а за индивидуалните спорови арбитер. Тие одлучуваат за настанатиот отказ ил…
На 12-ти август 2021 година, во 18:45 часот кај „Оровничка плажа“ на регионалниот пат Охрид-Струга, се случи сообраќајна незгода во која настрада едно лице.
Товарно возило марка „МАН“, со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 33-годишниот Ј.Т. од селото Оровник, општина Дебрца, удрило во пешакот, 58-годишниот Б.С. од Скопје, кој починал на местото на незгодата. Смрт констатирал од лекар на Итната медицинска помош Охрид. Увид извршиле полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција – информираат од МВР.
„Денес Христос се раѓа во Витлеем од Дева;Денес Беспочетниот влегува во времето,и Словото се воплотува. Небесните силисе радуваат, и земјата со луѓето се веселат“. Денес се слави Божиќ. Православните христијани денеска го одбележуваат Рождеството Христово. Суштината на Божиќ е во љубовта, простувањето и милосрдието, а не во формата, која секако е одраз на суштината, но која ништо не значи доколку не го шири духот на љубовта и милосрдието, вели отец Димче Азески. Тој забележува дека од година во година се отргнуваат обичаите кои не се вкоренети длабоко во православната традиција и учењето…
Хуманитарна акција на охридските Ротаријанци. На градскиот плоштад претставници Ротаракт клубот делеа вино и сирење. Тие од оваа година започнуваат нова хуманитарна мисија, односно да се донира средства за оние на кои им е најпотребна помош, појаснува Весна Цветаноска.
„Целта на денешната акција е во духот на големиот Христијански празник Божиќ да донираме средства за нашата сограѓанка Јана Арсовска која што треба да го продолжи нејзиниот медицински третман во Германија. Ги повикуваме хуманите граѓани да донираат бидејќи тоа е целта и смислата на овој голем христијански празник, да дока…
86 годишниот Стојан Стојаноски од Охрид, а по потекло од блиското село Орман не потсетува како во минатото во охридско се празнувала Бадниковата вечер со која се најавува Христовото рождество. Стојаноски раскажува дека раѓањето на Исус Христос во нивното село, по препорака на некогашниот поп Наум Маленков, се одбележувало без палење на големи огнови, веселби, пијачки и дабови дрвца. На Бадник домовите се запотнувале со смрекови гранчиња и се палеле помали огнови сред село, исто така од смрека. „Порано Бадник се одбележуваше поинаку. Децата одеа не коледе квечерина спроти раѓањето н…