Арбитри и помирувачи ќе посредуваат при решавање на споровите од работни односи

Арбитри и помирувачи ќе посредуваат при решавање на споровите од работни односи.

 |  Валентина Неловска  | 

За решавање на работничките спорови во случај на кршење на нивните права, синдикатот го промовира Законот за мирно решавање на работните спорови.  Целта  е избегнување на  судските трошоци за работниците кои често пати и не можат да си го дозволат, напоменува претседателот на синдикатот Драган Цветкоски.
 
„По писмено барање од една или двете страни  се назначува определен помирувач или арбитер. Има колективни работни спорови  и индивидуални. Во зависност од тоа дали станува збор за колективни се назначува помирувач, а за индивидуалните спорови арбитер. Тие одлучуваат за настанатиот отказ или неисплатените плати ако се донесе помеѓу двете страни договор нема потреба од судска постапка од трошоци и долги судски процеси, се избегнува целата судска постапка“, подвлекува Цветкоски.  

Помирувањето и арбитражата се бесплатна правна помош за рабониците. Нивното обезбедување оди преку синдикатот до Министерството за труд и социјална работа  кое и ги назначува арбитрите и помирувачите. Ресорното министерство ги овластува и ги сноси трошоците. Од синдикотот веруваат  дека во сидикалното движење овој закон ќе се применува и ќе заживее во пракса.

„Јас мислам ако вработените имаат поголеми сознанија и знаат кои  се позитивните и негативните страни за кои се води судски спор  и ако спорот се решава на мирен начин, сметам дека повеќето ќе се одлучуваат на решавање по мирен пат одколку по судски пат,“ уверува Цветкоски.

Сидникалните спорови според  Законот за мирно решавање на работните спорови треба да се решат во рок од 30 дена. Законот иако е донесен во 2013 година се очекува годинава да почне да ги дава резулататите во пракса.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top