Локалната самоуправа и понатаму тврди дека нема ништо незаконско во изградбата на хотелот во Лагадин, иако Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам достави барање за поништување на одобрението за градба на спорниот хотел.
На локацијата каде што од пред два месеци започнаа градежните работи за изградба на спорниот хотел во Лагадин. Денеска на градилиштето имаше градежни активности. Дали на оваа локација ќе продолжи градењето на хотелот зависи како ќе се постапи по барањето на ДИГУ доставено до општината за поништување на одобрението за градба. Од општината не даваат одговор дали го…
Осум лица од Охрид со телесен инвалидитет ќе добијат по еден личен асистент кој ќе се грижи за нив. Тие ќе се грижат за личната хигиена, за помош во домашните работи, при одење во банка, на лекар, но и на концерт или во вклучување во општествени активности. Со тоа аситентите ќе им го олеснат животот на лицата со инвалидитет, но ќе ги одменат и членовите на нивните семејства кои се во текот на 24 часа постојано со нив, вели Венко Голабоски од охридското здружение на лица со телесен инвалидитет Мобилност. Мобилност за овој проект се залга со години наназад, кажува Голабоски. Тој ги посочува и…
Малите и средни претпријатија од регионов бараат начини како да си го подобрат бизнисот и да се зголеми растот на економијата во државава. Една од можностите за тоа е усогласеност на компаниите со законската регулатива и поттикнување на бизнис секторот со свои предлози да помогне во подобрување на легислативата. Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ кој е подржан од УСАИД е тема на информативните сесии кои се одржуваат речиси во сите градови низ државава. Денес домаќин беше Охрид.
Дури 70% од компаниите, што се целна група на овие сесии, се правни субјекти во гр…
На почетокот на наредната недела, вторник, 14-ти март, охридските избраници во советот, повторно ќе заседаваат. На дневен ред на ова издание на седницата на советот ќе се најдат, Извештаите за работа во 2016 и реализираната програма на одделенијата и секторите при локалната самоуправа.Ќе се расправа и за финансиското работење и годишна сметка на училиштата, како и за извештаите за работа и остварени резултати на јавните претпријатија.Пред советниците ќе се најдат и предлог одлуките за инвестирање во инфраструктурно уредување на пристапот во објектот ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и тр…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.Р. (34) од охридското село Лескоец. На 11-ти минатиот месец, пријавениот, во продавницата „Балкопром“ во струшката населба Плитишта, во оптек пуштил фалсификувана банкнота од 1000 денари со сериски број БА3427637. Н.Р. со лажната банкнота купил цигари и ја напуштил продавницата а вработената се посомневала во банкнотата и веднаш го пријавила настанот. По преземање на потребните оперативни мерки, полициските службеници го утврдија идентитет на ст…
Денешниот ден 8 ми март е добар повод мажите на понежниот пол да подарат цвеќе, децата да направат креативни честитки за мајките, да се посетат, бабите, вујните, стрините, тетките, со еден збор ден кога секоја жена заслужува внимание. Меѓународниот ден на жената се празнува на 8ми март. Тоа е и ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Но кај нас по повод овој ден традиционално се купува подарок за жената.
Првата дама на охридскиот градски Совет д-р Гордана Коњаноска, смета дека ако се погледа временски постигнат е голем напредок …
Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец цел на вандали. Искршени се клупите во дворот, рипстолите и другите реквизити кои учениците ги користат за рекреација кога се на одмор или пак на часовите по физичко воспитување. Директорката вели дека проблем е што училишниот двор не е заштитен па несовесни граѓани во вечерните часови влегуваат и кршат и уништуваат.
Имаме покренато иницијатива за да ангажираме чуварска служба или да поставиме видео надзор. Ништо мора да преземиме бидејќи ова не е прв пат да ни се уништуваат реквизитите. Вршиме често поправки, но несовесни граѓани пак ги униш…
Летоци со политичка содржина биле расфрлени во охридската гимназија, а утрово во некои класови бил прочитан и политчки проглас. Ова се информации од родители и ученици од гимназијата а за ваквите случувања реагираше со сооопштение и општинската организација на СДСМ. За потврда на овие случувања во средношколската установа одговор побаравме од директорот Ѕвонко Трпески. Трпески во телефонски разговор ги негира наведените случувања. Кажа дека во зградата немало никакви летоци туку на влезот од училишната зграда било пронајдено залепено соопштение. Кажа и дека група матуранти утрово сакале да …