Во Охрид и руралните средини има диви приклучоци на градската водоводна мрежа. Ова го потврдуваат од МЈП Проаква бидејќи нивните служби на терен откриват вакви нелегални појави и злоупотреби на системот за водоснабдување, информира Сашо Сотироски технички раковоител во јавното претрпијатие за стопанисување со вода.
„Во последниот период имаше откриени случаи во Горно Лакочереј, Лескоец и низ градот. Правната служба презема мерки за санкции на потрошувачите“, вели Сотироски.
Од Проква напоменуваат дека има забрана потрошувачите на вода, посебно од руралните средини да не ја користат водат…
Во Охрид расте бројот на деца со аутизам. Нивните родители многу пати поради немање доволно знаење и информации не знаат како да се справат со состојбата во која се наоѓа нивното дете. Ова било причина повеќе на иницијатива на дефектолозите од ОУ Св. „Климент Охридски“ да се организира едукација на родители на деца со аутизам. Обуките ќе се одржат на почетокот на септември, тие се бесплатни и се организираат во рамките на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство кој е дел од Еразмус + програмата на Националната агенција за европски образовни програми на Англија….
Викендов започнува треттото издание на „StartQube“, летниот камп за претприемачи и луѓе ориентирани кон градење бизнис. Кампот ќе трае од 26-ти до 31-ви август повторно на планината Галичица во селото Велестово. Летниот камп е организиран од Здружението за развој СТАРТАП ЗОНА, кое се фоксуира на овозможување на различна поддршка за младите кои имаат желба да започнат свој бизнис. Учесниците на StartQube покрај што живеат заедно со менторите на настанот, имаат и можност заедно да работат на развој на бизниси според методологиите на дел од најуспешните претприемачи. Менторите на StartQube се …
На први септември учениците од централниот објект на ОУ „ Братство Единство “ ќе влезат од задниот влез на школото. Советот на родители и управата на школото на овој потег се решиле заради безбедност на учениците. Одлучиле да се затвори главниот влез во централната училишна зграда заради напукнувања на носечкиот столб над влезот. Пропаднати се и надворешните скали кои водат до влезната врата. Оштетувањата се од серијата земјотреси кој го зафатија Охрид во јуни и јули, а посериозни оштетувања претрпеа главниот влез и фискултурната сала. Санација и поправки на училишниот објект се уште нема.
…
Градоначалникот Никола Бакрачески денеска даде отчет пред граѓаните за сработеното во неговиот мандат. Тој рече дека ваквото јавно излагање ќе биде сведоштво за идните генерации како оваа постава на локална самоуправа, во еден исклучително тежок период на долгови и политички кризи постигна вредни резултати. Градоначалникот потенцира дека најпрво се зафатиле со подобрување на организираноста и ефикасноста на администрацијата што било пресудно за реализација на зацртаните програми.
Почитувани, со сигурност можам да кажам, за првпат во историјата на Охрид, долговите на Локалната самоуправа…
Воска Спорт славеше со убедлива победа над екипата на Гостивар. Во овој меч кој што беше одигран со многу тензии, Воска успеа да постигне дури 4 гола, а домаќинот Гостивар не оствари ниту еден гол. Ова е прва победа за Воска во новата сезона од Втората македонска фудбалска лига и воедно првите три бода за овој одличен тим.
Првото полувреме заврши со резултат 0:0, но затоа во вториот дел од натреварот тимот од „ГРАШНИЦА“ доминираше на теренот. Капитенот Изаир Емини ја погоди противничката мрежа во 58. минута. Потоа Шпенд Асани погоди за 0:2. Стрелци на останатите два голови беа Бехар Фета…
Преполовена годинешната реколта на грозјето во охридско од пролетните мразеви. Лозарите ќе претрпат големи загуби од годинешната берба на грозјето. Големи штети има врз локалните сорти грозје како што е вранецот, а како поотпорна на мразот се покажала сортата хамбург, информира агрономот Мирослав Трајчески.
„Ситуацијата не е сјајна родот е намален во зависност од регионот некаде од 50 до 60 посто. Погоден е регионот каде што гравитираат селата Косел, Лакочереј, Вапила. Штети има и во Требеништа и Мешеишта иако за нијанса помали, но и таму има големи штети и родот е преполовен“, вели Трајче…
Откажа еден од главните делови од компјутерскиот томограф на Одделот за радиологија при Општа болница Охрид. Првиот човек на оваа установа Мр Славица Малеска Стојадиновиќ појаснува дека станува збор за откажување на рентгенската цевка, за што тие веднаш презеле соодветни мерки. Контактиран бил генералниот застапник за Македонија, фирмата Нет Електроник од Скопје, со цел да добијат стручно мислење за настанатиот проблем.
„ Кога дојдоа од Нет Елктроник направија записник во кој се констатира дефект. Јас би цитирала дел од тоа: „Дотраеноста, односно максималната искористеност на рентгенската …