Охридската НУ Завод и Музеј ќе продолжи со заштитата на археолошките локалитети Плаошник и Самоилова тврдина. Бројни проекти биле стопирани оваа година заради пандемијата. Но, од установата ќе поднесат проекти до ресорното министерство за добивање средства за решавање на проблеми од областа на конзервација на археолошките локалитети за идната година. Во меѓувреме, продолжуваат со заштита на археолошките локалитетите Плаошник и Самоиловата тврдина, информира директорот Мишко Тутуткоски.
Овие два локалитети ќе се приоритет број еден. Таму има многу градби кои не се конзервирани, не се рест…
Хуманитарниот хепенинг „За посреќно детство“ и годинава со вас. Зборно место е градскиот плоштад „Св Климент Охридски“ утре 30 септември, 11 часот. Организаторот, ОО на Црвениот крст Охрид во партнерство со стоматолошката ординација Баткоски, ветуваат разни содржини нови настани и бројни награди. Претседателот на Црвениот Крст Сашо Точко и годинава очекува голем одзив кај младите активно да се вклучат во спортските дисциплини и останатите активности.
„Настанот започнува со голема главна трка со почеток во 11 со старт од плоштадот Крушевска Република кај чинарот и по ул македонски Просветит…
На 6-ти октомври со почеток во 20:00 часот, како гостувачка претстава на репертоарот на Народен Театар Охрид, ќе се одигра комедијата “Не се клади на Енглези” чиј автор е Владимир Ѓурѓевиќ, а во режија на Синиша Евтимов.
Играат актерите на МНТ: Оливер Митков, Сашко Коцев и Александар Микиќ. Претстава го третира феноменот „спортско обложување“.Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.
Претставата пр…
„Охриѓани имаат право да добиваат навремени, ефтини и квалитетни услуги од Локалната самоуправа. Локалната самоуправа е сервис на граѓаните, кој треба да биде достапен за сите. Токму затоа од СДСМ планираат оваа институција да ја отворат и да ја направат место каде граѓаните ќе ги добијат потребните услуги“ истакна на денешената прес конференција Живка Ангелоска кандидат за советник од редовите на СДСМ од Охрид.
„Тоа го овозможуваме преку отворање на канцеларии на локалната самоуправа, во секоја Урбана и месна заедница. Напоредно со ова го зајакнуваме нивниот правен статус. Дополнително, с…
Станицата за мобилна телефонија, поставена на индивидуален станбен објект , ги изреволтира жителите на У.З. „Горна Влашка Маала“. Реагираат дека ниската поставеност на антената, штетноста од емитирање на зрачењата, електромагнетните зрачења кои овој апарат ги генерира го зголемува ризикот од заболување од канцер, на жителите од овој дел на градот. Подржувачите на иницијативата на вчерашниот собир, ги посочија и причините за нивните барања.
„Бараме од надлежните институции да се јават и постапат кон решавање на случајот, истата да ја отстранат, а не одредени служби да си ја префрлаат надлеж…
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиката на унапредување на положбата на ранливите категории. Континуирано се стимулираше наталитетот, се доделуваа стипендии за талентирани ученици и студенти, комуналните трошоци на семејствата со социјален ризик се субвенционираа, беше кажано на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Новата Локална самоуправа предводена од Д-р Митко Тилевски и тимот-советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како приоритетен проект за охриѓани го најавува „Проектот за изградба на социјални станови“.Од сопствени средства ќе изградиме станови во период од три години кои ќе г…
Денеска се порибуваше Охридското Езеро со подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка. Согласно Законот за рибарство и аквакултура, секоја година обврска на државата е порибување на природните езера, а на Охридското Езеро се посветува најголемо внимание заради зачувување на охридската пастрмка, изјави Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот Завод Охрид.
„Оваа година почнувајќи од 11 ти септември, започна порибувањето со охридска пастрмка на Охридското Езеро и досега се порибени 1 370 000 единки ослободени во езерото, на различни локалитети и тоа на делот од источното крајбрежје“
На однапред…
Нема ништо подраго од тоа да си ја гледате перспективата таму каде што живеете, творите, другарувате. Да работите и создавате во сопствениот град, во сопствената држава. Охрид ќе го направиме место со перспектива, место каде младите ќе ја градат иднината, порача Мишел Силјаноски кандидат на советничката листа на социјалдемократите и коалицијата. Нема ништо без развојот на локалната економија. Токму затоа предвидуваме здружување на бизнисите со општината и граѓаните за да бидат партнери во создавањето на подобар живот за сите, рече Силјаноски.
„Еден од основните предизвици со кои се соочува…