Ное 6, 2017

Дениците продолжуваат со акцијата за поубав и почист Охрид со засадување бели рози

Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава ја продолжи традицијата на засадување бели рози. Паркот наспроти хотел Гарден денеска беше разубавен со 50 нови садници на бели рози. Со оваа активност, која што трае веќе 5 години, Дениците не само што го облагородуваат и разубавуваат паркот низ кој секојдневно минуваат голем број граѓани и туристи туку даваат и еколошки придонес за почиста животна средина. Белите рози не само што убаво изгледаат туку тие се и многу корисни бидејќи ги апсорбираат тешките метали од почвата. Климата во Охрид, температурата на воздухот, големиот број сончеви …

Ное 6, 2017

По краткиот застој продолжуваат градежни зафати врз Али Пашината џамија

Повторно се активираат градежни работи на Али пашината џамија. По одреден застој деновиве поставени се скелиња на кои ќе се работи. ТВМ Телевизија упати прашање до НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид во кое се бара одговор на што се донесуваат градежните активности во моментов. Од таму допрва ќе се произнесат по нашето барање. Во меѓувреме дел од охриѓани со свои ставови и размислувања околу проектот со кој се планира изградба на минарето високо 32 метри во охридската чаршија. Сметаат дека  ќе се променат визурите на градот  и надлежните треба да водат сметка за  оправданоста…

Ное 6, 2017

Импровокација во сабота со нов член во екипата

Претстојниот викенд, во сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде одиграна четвртата епизода од третата сезона на популарната Импровокација со Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, потпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Ангеличин – Жура. Ексклузивно за ова издание екипата на Имрпвокација има нов член, кој засега не се открива. Почетокот на шоуто е во 20.00 часот во добро познатиот „ќерал“ на Народниот Театар во Охрид. Картите во продажба се пуштени денеска, понеделник,во Музичка Продавница Зизи Топ по цена од 150 денари и 200 денари на денот на шоутоКарти …

Ное 4, 2017

ЦЗЈЗ ќе врши мапирање на сите артерски чешми и на јавните капалишта во градов

Охриѓани и туристите веќе ќе немаат причина за дилема каков е квалитетот на водата што ја пијат од јавните чешми во градов. ЦЗЈЗ ќе врши мапирање на сите артерски чешми од кои ќе се земаат примероци кои ќе се испитуваат еднаш месечно, а податоците ќе бидат редовно ажурирани на веб страната на центарот. Ќе има и посовремена можност за граѓаните да видат со каков квалитет е водата што ја пијат од конкретна чешма. Се планира да се направи апликација која може да се инсталира на мобилен телефон. Овие новини се со цел да бидеме што потранспарентни. Граѓаните имаат право да знаат каква вода пија…

Ное 4, 2017

Стојаноски: Шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани од Катар заинтересиран за купување на имот во Охрид

Неодамнешната посета на општина Охрид од страна на шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани од Катар предизвика лавини реакции во јавност. Во чаршиските но и во некои од медиумските кулоари се исплетоа разни коментари и сомнежи околу поводот и причината за неговата посета и средба со првиот човек на градот проф. Јован Стојаноски. Но во суштина на што се должеше посетата на шеикот од Катар, појаснува градоначалникот Стојаноски. Според него средбата била протоколарна и на делегацијата и биле презентирани можностите за инвестиции во областа на туризмот и хотелиерството. „Човекот којшто беше гостин беше…

Ное 3, 2017

Новиот менаџерски тим на Општата болница во Охрид оптимистички настроен околу одблокирањето на нивната жиро сметка

Финансиската состојба на Општата болница во Охрид е незавидна. Таа има наследен долг од околу 2,5 до 3 милиони евра. Жиро сметката на оваа здравствена установа е блокирана, а секојдневно доспеваат нови побарувања од правни лица кои извршиле услуги за болницата, а не им се исплатени. Директорката на болницата Славица Малеска Стојадиновиќ вели дека оваа состојбата ја затекнала кога пред три месеци била назначена за прв човек на оваа установа. Се обративме и до државниот завод за ревизија од каде ќе се направи контрола и тогаш точно ќе знаеме колкава е висината на долгот, вели Стојадиновиќ. Д…

Ное 3, 2017

иницијатива за стопанисување со селските водоводи

Голем број водоводите во селските средини немаат дезинфекционо средство. Од Центарот за јавно здравје сметаат дека со водите од селските средини треба стручно да се стопанисува па заради тоа од Центарот ќе поднесе иницијатива за стопанисување со селски водоводи до локалните самоуправи на Охрид, Струга, Дебар, Дебрца и Центар Жупа. Директорот Сашо Точко предупредува дека во услови кога водата која што се пие од селските водоводи не се дезинфицира, таа здравствено не е безбедна за пиење. „Тоа навистина мора да се надмине 21 век сме уште да зборуваме…не за недостаток на вода, можда во 21 ве…

Авг 30, 2021

Инспекторите не затекнале гости во охридските локали без сертификати за имунизација

Во Охрид и на крајбрежјето угостителите ги почитуваат протоколите за проверка на гостите дали поседуваат сертификат за имунизација. Од 16 август од кога е на сила оваа мерка за заштита на населението од ковид 19 инспекторите од државниот пазарен инспекторат при спроведените контроли  не затекнале гости во локалите без сертификат за имунизација, информира Цветко Ристески, началник на Државниот пазарен инспекторат поддрачна единица Охрид. Во овој период, во овие две седмици, од кога се постапува не се констатирани неправилности. Продолжуваме со инспекцискиот надзор во тој дел и во нареднио…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top