Мар 14, 2018

Предлог-одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“ во однос на условите кои треба да ги исполнува директорот на претпријатието, причина за дебата

Предлог-одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“ во однос на условите кои треба да ги исполнува директорот на претпријатието, причина за дебата помеѓу советниците од ВМРО ДПМНЕ И СДСМ на денешната седница на градскиот совет. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков рече дека постапките за јавни претпријатија се регулирани со Законот. Управниот одбор на ЈП „Нискоградба“ е невозможно да интервенира и да врши своеволно измени во статутот, додава тој. Координаторот на советниците од СДСМ, Константин Георгиевски, пак појасни дека се менуваат само општите одредби…

Мар 14, 2018

Осмата седница на градскиот совет во знакот на јавните претпријатија во градов

Предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски пазар“, создаде дилема кај советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие во име на пазарџиите прашуваа дали и колку ќе се покачат цените кои ги плаќаат закупците на тезги. Константин Ѓеоргиевски, координаторот на советничката група на СДСМ објасни дека во целокупниот ценовник на Градски пазар има само законско регулирање на одредени услуги кои ги давал градски пазар, а досега не биле регулирани со закон. Станува збор само за воведување ред во издавањето на кафемати и банкомати во…

Мар 14, 2018

Курајчани денес протестираа пред ЕВН

Курајчани денеска преку мирен протест го изразија својот револт кон ЕВН Македонија, поради зачестените прекини на електро снабдувањето во ова охридско село. Тие од ЕВН побараа, под итно да предложат план за неопходни инвестиции и изградба на нов систем за пренос на електрична енергија, исто така побараа ЕВН за секакви дополнителни планови да се консултира со месната заедница како и тоа, за понатамошниот тек на работите мештаните писмено да бидат известени. Претседателот на М.З. Горан Ангелоски укажа на застареноста и неодржливоста на системот на пренос на постоечката траса која е причина за…

Мар 14, 2018

Охридските училишта формирале комисии по препораките на МОН

Министерството за образование и наука упати препораки општините и училиштата да го почитуваат правилникот за исхрана на учениците усвоен во 2014 година. Најавија законски измени за да го следат спрoведувањето на Правилникот за исхрана на учениците. ТВМ ги контактираше директорите на неколку охридски училишта во однос на препораките на МОН. Дел од нив изјавија дека веќе формирале комисии со кои ќе се разгледуваат препораките. Најавија колективно видување на состојбите по што ќе следи нивно изјаснување. Некои напоменуваат дека без помош на државата тешко може да се спроведе потребната нутрици…

Сеп 7, 2021

ТППЕ Охрид : Галичица е тивка

„Галичица е тивка. Критизерите и оние малку симпатизери конечно можат да здивнат, порачаа денеска охридските пожарникари. Тие објаснуваат дека се до 05ти септември, иако добивале милион повици и воедно биле спремни да одговорат на нив, по проценка на институции надлежни за оценка на состојбата, не и било дозволено на територијалната против пожарна единица да пристапи кон локализирање и ликвидирање на пожарот на Галичица.  Во неделата во раните утрински часови бевме посетени од Градоначалникот по чија иницијатива заедно заминавме во уште една проценка на ситуацијата на терен. По враќањет…

Мар 14, 2018

Одличен старт на охридските стрелачки надежи

Иако со резултати далеку послаби од своите можности, охридските јуниорки повторно на првите четири позиции во јуниорска категорија на самиот старт на натпреварувачка сезона. Имено викендов на стрелиштето во гимназијата “Раде Јовчески Kорчагин” во Скопје се одржа првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје меѓународна програма, на кој учество зедоа околу 50тина учесници во дисциплина пушка и пиштол. Анастасија Мојсовска од стрелачкиот клуб Охрид се искачи на првата позиција во јуниорска категорија со разултат од 576 испукани круга или четврта позиција во севкупна пласман жени. Мартина Петровска …

Мар 13, 2018

Намалени се површините на плажите на Охридското крајбрежје,

Врнежите од дожд и топењето на снеговите што го зголемија нивото на Охридското езеро, на површина ги извади и првите проблеми во делови на охридското крајбрежје. Концесионерите на дел од плажи стравуваат дека ќе ги изгубат плажите. Тие укажаа дека површината на дел капалиштата се половина под вода и се загрижени поради ваквата состојба. „Границата веќе е критична. Како што може да видите половина од плажите веќе се под вода. Конкретно на мојата плажа е нешто повеќе. Првиот посериозен бран ќе направи уште поголеми штети. Ние сме навикнати ова не е прв пат. Во последните 6-7 години по втор п…

Мар 13, 2018

Од општинската ВМРО обвинуваат дека под раководство на СДСМ трошоците за живот се зголемуваат

Охриѓани плаќаат поскап дизел, зголемени се цените на производите и јавниот градски превоз, зголемена е цената на водата а поскапеа сметките за нискоградба, обвинија на денешната пресс конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Посочија дека управниот Одбор на ЈП „Градски Пазар“ на седницата одржана на 23.2.2018 донел одлука со која се утврдува зголемување на висината на услугите за тезги за продажба на земјоделски и занаетчиски производи. Дали СДСМ свесно бара начини како повеќе да собира од граѓаните и сака да ги доведе пазарџиите до питачки стап, знаејќи дека и со новиот закон за зелени пазари и…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top