Мар 26, 2018

Околу 100 правни и физички лица бараат оштета од државата

До Општинаската Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди до петокот се доставени 82 барања од правни и физички лица кои претрпеа штета од невремето кое го зафати Охрид минатиот викенд. Комисијата од понеделникот е на терен и врши проценка на пријавените оштетувања и досега има извршено увид кај 25 оштетени. Према барањата како што се поднесени од правните и физичките лица истото е констатирано и на лице место од страна на Комисијата. Значи се она што е наведено во барањата и навистина е оштетено, вели Раде Велјаноски, претседател на Комисијата за проценка на штети од елементар…

Мар 24, 2018

Спектакуларен концерт на гимназијалците од Охрид

Денот на пролетта во Охрид го донесоа младите музички таленти од охридската гимназија „Св Климент Охридски“. Во духот на младоста, среќата, љубовта тие синоќа во организација на Лајонс Клубот Охрид, а одлично подготвени од нивните ментори професорите Александар Димоски и Љупчо Аслимоски приредија еден незаборавен концерт кој ја воодушеви публиката во преполнетата сала во ЦК „Григор Прличев“. Претседателот на Лајонс Клубот Охрид, Александар Гоџо сеуште е под голема импресија од синоќешниот концерт. Тој вели дека нивна работа било да обезбедат сцена со професионална бина, светло, звук, монит…

Мар 24, 2018

Зголемен е бројот на невработени лица во Охрид

Зголемен е бројот на невработени лица во Охрид. Според последната евиденција на Центарот за вработување, во нашата општина има 6573 лица од кои 3619 се активни баратели на работа. Директорката на Центарот Маја Ташова Биткоска појасни на што се должи зголемениот број на невработени лица. „Во моментот со опцијата за аплицирање за материјалното обезбедување, невработеноста се зголеми во бројка, бидејќи луѓето кои што не се пријавувале а сега имаат право да го искористат и да го обноват тоа барање за материјално обезбедување по основ на стечај и на технолошки вишок од фирми кои што пропаднале …

Мар 24, 2018

Охридскиот сликар Јордан Манасијески ја претставуваше македонската нација на изложбата „Venezia Art Expo“

Сликарот Јордан Манасијески со уметничко дело ја претстави македонската нација на Изложбата на нациите на „Venezia Art Expo“. Нашиот еминентен сликар Манасијески ја доби поканата за учество на Венецијанското биенале од 6 мина врвни италијански историчари на уметност кои го следат неговиот творечки опус во сликарството, вели Љупчо Жупан од охридската галерија Букефал. „Беше голема чест да се биде дел од тој настан. Посебно што овие историчари на уметност подолго време го пратат сликарот Манасијески и едноставно го поканија на тоа биенале да ја претставува македонската нација. Мене ми беше ч…

Мар 23, 2018

(фото) Пролет во охридските градинки

Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ го одбележија првиот пролетен ден. Иако пролетта годинава започна врнежливо и тмурно сепак најмалите охриѓанчиња внесоа топлина со своите костими и игри. Поради временските прилики изостана дефилето на градскиот плоштад но првиот пролеттен ден беше одбележан во сите клонови на градинката. Облечени во пригодни маски на пеперутки, цвеќиња, сонце,буба мари во програмата учествуваа дечиња на возраст од 4 до 6 години и ова е најубав начин тие да научат што е пролет, како се буди природата, растенијата, животните, инсектите. Програмата ја следеа голем број …

Сеп 8, 2021

8-ми Септември е најсветлиот празник според историчарите

8ми Септември е еден од најзначајните и најсветлите празници во историјата на нашата земја. Празник кој го означува остварувањето на вековниот сон на многу генерации, Ден кога е ставен темелот на независноста на државата сметаат историчарите. На овој ден пред 30 години на референдум со 72 % излезност дури 91% од граѓаните се изјаснија ЗА суверена и независна Р. Македонија. Тој ден беше организирана голема прослава на плоштадот во Скопје, но славење имало и во другите градови меѓу кои и Охрид. На овој ден треба гордо да се вее македонското знаме. Во Охрид е специфично што тоа низ годините н…

Мар 23, 2018

Од „Совест“ остварија средба со Комисијата за односи со верските заедници

Здружението на граѓани „Совест “ на средба со Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи. Средбата била на барање на директорот на Комисијата,Даријан Сотировски. Од здружението „Совест“ го поздравуваат гестот на Комисијат која е првото тело на централната власт кое што досега покажало интерес дирекно да ги слушне реакциите на граѓаните околу реконструкцијата на Али Пашината џамија. Претседателот на „Совест“ Михаил Трендафилов Нанче, смета дека новиот директор на Комисијата ќе трасира една нова насока во текот на настаните околу градежните зафати на Али Пашината џамија. …

Мар 23, 2018

Во градов нема водостопански инспектор

Во општина Охрид нема водостопански инспектор. Ова е една од причините што многу објекти што се изградени или се градат во крајбрежниот појас го прекршуваат Законот за животна средина. Речиси веќе и никаде да не се почитува правилото објектот да е оддалечен барем 50 метри од бреговата линија, вели Ѓоко Зороски, консултант за животна средина. Под итно треба да се назначи еден инспектор кој ќе контролира се она што е во доменот на водите на подрачјето на Охрид и Струга и целото сливно подрачје што е опфатено во овај регион и тоагаш може да ги контролира сите нелегални градби, вели Зороски. …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top