Апр 11, 2018

Во Охрид за време на продолжениот празничен викенд се случиле четири тешки кражби

Празниците одлична можност за крадците. Тогаш кога граѓаните најчесто не се дома тие гледаат одлична прилика за реализација на својот крими-план. Златен накит, кеш пари, велосипеди, лаптопи, скапи мобилни телефони, крадците не се многу избирливи кога станува збор за пленот, важно им е да им донесе добра заработка штом ќе го препродадат. Во Охрид за време на Велигденските празници се случиле четири тешки кражби и тоа две во станови, една во маркет и една во автомобил. Украдена е техничка стока, злато, колонијални производи и акумулатор од автомобилот.На местото на настанот СВР Охрид веднаш и…

Апр 11, 2018

Општините Дебрца и Вевчани неможат сами да ги финансираат развојните проекти

Малите рурални општини како Дебрца и Вевчани се судираат со бројни проблеми во процесот за побрз развој. Овие две општини, како и останатите во земјава со помал број од 10.000 жители, располагаат со скромен буџет. Градоначалниците на овие две општини, Зоран Ногачески и Сашо Јанкоски имаат планови за развојни проекти за подобрување на условите за живеење во нивните општини, но се соочуваат со неколку проблеми кои го кочат нивниот развој. При користењето на средства од пред пристапните фондови на ЕУ или националната програма за рурален развој се условени со плаќање на даноци кои не можат да с…

Мар 3, 2022

Привршува реконструкцијата на старата училишна зграда во село Брежани

Реконструкцијата на старата училишна зграда во с. Брежани, Општина Дебрца се ближи кон својот крај. Од локалната информираат дека преостанува уште хортикултурното уредување, кое поради сезонскиот карактер оставено е за реализација во текот на месец април.Со реализацијата на овој проект, Општина Дебрца добива современ планинарски дом, со капацитет од 20 легла. Активностите се реализираат во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија и Министерство за локална самоуправа, преку програмата за прекугранична соработка со Албанија. …

Апр 10, 2018

Kривична пријава за охриѓанец кој го нападнал семејството на сопругата

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство” и „неизвршување на судска одлука”, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 36 годишно лице од Охрид.Пријавениот, казненото дело го сторил на 26-ти минатиот месец во селото Долно Лакочереј. Тој, спротивно на решението од Основниот суд- Охрид со кое му се забранува вршење семејно насилство, околу 14:30 часот, насилно влегол во домот на родителите од неговата сопруга и започнал да ја влече, викајќи и на висок тон. Потоа, физички ги нападнал и нејзината сестра и таткото, удирајќи ги со ту…

Сеп 9, 2021

Професор од охридската гимназија позитивен на Ковид-19

Еден професор е позитивен на Ковид 19 во охридската гимназија „Св. Климент Охридски”. Ниту еден од класовите каде што професорот држел часови нема да оди во 14 дневна изолација, според оценката на ризик направена од епидемиологот од Центарот за јавно здравје Охрид. На територија на Општина Охрид , засега единствен случај на изолација на ученици е оној во ОУ Христо Узунов, каде 18 ученици од 7мо одделение се во изолација од пред 3 дена откако еден од учениците бил позитивен на вирусот.

Апр 10, 2018

Ветениот Дом за стари лица никако да се изгради

Сеуште не е отпочната изградбата на Дом за стари лица. Во моментов единствено место каде што се згрижуваат овие лица е одделението на Геријатрија при Општа болница- Охрид кое располага со 30- тината легла, кое пак ни одблизу не ги задоволува потребите на жителите на Охрид и Дебрца. Условите се исти како што беа и порано, капацитетот ни е навистина мал, очекуваме во иднина нешто ад се подобри бидејќи има голем интерес кај нас да бидат згрижени пациентите, а имаме и многу пациенти кои се заедно во една соба, затоа мора условите да се подобрат и да се во помала бројка и да имаме понова и поуба…

Апр 10, 2018

За Охрид како туристичка дестинација се поголем е интересот и кај соседите во Албанија

Охрид и регионот се поинтересни за туристите од соседна Албанија. Албанските туроператори и туристички агенции се подготвени да го нудат Охрид како нова дестинација во нивните аранжмани , покажаа последните средби на меѓународниот туристички саем што се одржа во Тирана, информира Илкер Мустафа од Тлер. „ Охрид е дестинација која се бара и ќе се бара на албанскиот пазар. Од остварените средби интересот е голем. Се бара нова труистичак понуда и аранжамни и во иднина ќе има гоелм инетерс на тој пазар за Охрид“, вели Мустафа.     На меѓународниот саем што се одржа од 6 до 8 април општина …

Апр 10, 2018

Меѓународен Меморијален Атлетски Митинг “Влатко Димитров”

Атлетски Клуб “Охрид” заедно со Атлетската Федерација на Македонија на 28.04.2018 година со почеток во 13,00 часот за прв пат годинава ќе организира Меѓународен Меморијален Атлетски Митинг “Влатко Димитров” во чест на Проф. Влатко Димитров долгогодишен тренер на  Атлетски Клуб “Охрид” и секако еден од најзаслужните за сите успеси на клубот а и општо на Македонската атлетика.„Идејата за организација на ваков митинг е уште од минатата година а оваа година од скоро е официјално во календарот на натпревари на АФМ и понатака ќе биде традиционален во последната Сабота на месец Април секоја година…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top