Kривична пријава за охриѓанец кој го нападнал семејството на сопругата

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство” и „неизвршување на судска одлука”, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 36 годишно лице од Охрид.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство” и „неизвршување на судска одлука”, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 36 годишно лице од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 26-ти минатиот месец во селото Долно Лакочереј. Тој, спротивно на решението од Основниот суд- Охрид со кое му се забранува вршење семејно насилство, околу 14:30 часот, насилно влегол во домот на родителите од неговата сопруга и започнал да ја влече, викајќи и на висок тон. Потоа, физички ги нападнал и нејзината сестра и таткото, удирајќи ги со тупаници во пределот на главата и вратот. Потоа, пријавениот со камен го скршил задното стакло од патнички автомобил „Југо“ по што, насилно го одзел нивниот малолетен син, информираат од МВР.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот не постапил по правосилна одлука на судот а со извршеното грубо насилството, кај оштетените предизвикал чувството на страв и несигурност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top