Општините Дебрца и Вевчани неможат сами да ги финансираат развојните проекти

Општините Дебрца и Вевчани имаат бројни развојни проекти но не можат сами да ги финансираат проектите. При користењето на средства од  програмите на ЕУ и националната  програма за рурален развој се условени со плаќање на даноци кои не можат да си ги дозволат. Се соочуват и со долги постапки при изработка на урбанистички планови и при пренамената на земјодлското во градежното земјиште.

 |  Валентина Неловска  | 

Малите рурални општини како Дебрца и Вевчани се судираат со бројни проблеми во процесот за побрз развој. Овие две општини, како и останатите во земјава со помал број од 10.000 жители, располагаат со скромен буџет. Градоначалниците на овие две општини, Зоран Ногачески и Сашо Јанкоски имаат планови за развојни проекти за подобрување на условите за живеење во нивните општини, но се соочуваат со неколку проблеми кои го кочат нивниот развој. При користењето на средства од пред пристапните фондови на ЕУ или националната програма за рурален развој се условени со плаќање на даноци кои не можат да си ги дозволат.

„ Во план сме да аплицираме но ќе се судриме со потешкотии. Бидејќи во тие програми сме условени ДДВ да го платиме сами, а кубуриме со средства или во делот од другит епрограми во целокупниот порект да го финансираме ќе чекаме држвата да ни ги врати средтствата што со скромен буџет на општина Вевчани и е научна фантастика“, вели градоначалникот Јанкоски.

Градоначалниците Јанкоски и Ногачески бараат помош од државата при користење на средствата наменети за проекти за рурален развој.

„ Кај националната програма за рурален развој проблем е што не се признаваат трошоци за ДДВ. Ова е хендикеп за малите општини.Ние не сме во можност да фисираме некој поголем проект и да го платиме данокот. Се приклучуваме кон барањата да сме ослободени од плаќање на данок во однос на национална програма за рурален развој“, напоменува Ногачески.

Двајцата градоначалници , Ногачески и Јанкоски во своите општини се соочуваат и со долги постапки при изработка на урбанистички планови или при пренамената на земјоделското во градежно земјиште. Тоа е генерално проблем на сите општини. Скапо е инвестирањето во ДУП. Надвор од опфатот е земјодлекото змејиште кое за да се пренамени во градежно има големи проблеми“, велат двајцата градоначаланици.

Инаку, градоначалниците на Дебрца и Вевчани имаат приоритетни проекти за подобрување на инфраструктурата на жителите од нивните општини. Зоран Ногачески од Дебрца ги посочува планираните инвестиции во неколку села за реконструкција на канализации, изградба на резервоар за вода и плоштади, подбрување на работата на комуналното претпијтие Дебрца со средства од ИПА програмите на ЕУ и со програми од Министерството за животна средина и од Министерството за транспорт и врски. Неговиот колега пак, Сашо Јанкоски од Вевчани, покрај изработка на ДУП и инфрструктурни проект,и како приоритен проект го најавува пренаменувањето на училишната зграда од 1400 м2 корисен простор во мултифункционален центар каде што ќе се градат неколку музејски поставки, фитнес сали, конгресен центар и сали за семинари во вредност од 1 милион евра со пари од Светска банка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top