Јул 30, 2018

На 2 Август во Охрид ќе се одржи првата трка од Македонски Куп во далечинско пливање

На 2 август, на Охридското езеро ќе се одржи официјалната, прва трка на Македонскиот Куп во далечинско пливање. Од почетокот на пријавувањето на учество до денес за ова пливачка манифестација пристигнале пријави од 50 – тина пливачи, информира Александар Маленко, претседателот на Пливачката федерација на Македонија. Пливачите ќе се натпреваруваат во 4 категории, мажи и жени. Категоризацијата опфаќа пливачи до 14г, до 16г, до 18г и апсолутна категорија. „ ПФМ согласно националната пливачка програма од 29 декември на далечинско пливање за пат направи Македонски куп во далечинско пливање со п…

Јул 4, 2018

Расчистен манастирскиот комплекс Св Наум

По одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум, денеска уште од раните утрински часови екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ пристапија кон расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„. Комплексот е расчистен од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Подигнат е комуналниот отпад, хартија, картонската амбалажа и др. од јавните пешачки и зелени  површини. Овие активности се спроведоа по договор со Дебарско-кичевската епархија.

Јул 27, 2018

„МОРАТОРИУМ“ – герила акција на граѓански здруженија пред општинската зграда во Охрид

Градските советници  денеска  во општинската зграда влегуваа низ огромен банер на кој пишуваше МОРАТОРИУМ. Влезот го преуредија активисти од Граѓанската иницијатива Охрид SOS и здружението Стар Лагадин.  Симболиката е дека советниците минуваат и воопшто не го гледаат мораториумот, кажаа граѓаните и активистите за заштита на Охрид и охридскиот регион кои се собраа на мирен протест пред општината додека во салата се одржуваше закажаната 14та седница на совет. Тие бараат мораториумот на градење на охридското крајбрежје согласно  препораката на УНЕСКО итно да биде спроведен  од страна на Општин…

Јул 27, 2018

ТВМ најгледана телевизија според податоците на ААВМУ

Регионална ТелевизијА ТВМ со најголема гледаност во вториот квартал на 2018 година. Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Телевизија ТВМ  има најголема гледаност во Д6 регионот кој го покрива но и поголем удел на гледаност споредено со регионалните телевизии во сите 8 радиодифузни региони во државава. Уделот на гледаноста на Телевизија ТВМ во изминативе три месеци изнесува 5, 17 %. За споредба, уделот на регионалните телевизии во сите радиодифузни региони се движи околу 3 %. Според  одговорите на анкетираните најгледана е информативната и игран…

Јул 27, 2018

Стојаноски: Општина Охрид нема разидување со барањата на здружението „Стар Лагадин“

Мирослав Котевски , претседателот на Здружението „ Стар Лагадин“  истакна ние се бориме против Општиот акт за село Лагадин кој беше донесен од општината во ноември 2015 година. Тој општ акт ги поништува или ги заменува урбанистичките планови. Многу е смешно еден општ акт кој се применува за села кои немаат никаква инфраструктура да се примени за едно од најатрактивните подрачја на Охридско езеро, истакна Котевски. „ Општиот акт дозволува сите што имаат куќи во Лагадин да имаат можност да изградат хотели. Замислете на што ќе личи тоа. Нити инфраструктура има а знаете колекторот не функциони…

Јул 26, 2018

Епидемијата на шеќерна болест се шири и кај децата

Поради дијабет на Клиниката за детски болести во Скопје вчера било хоспитализирано 9 годишно дете од Охрид. Предходно четиринаесет годишно охриѓанче по влошената состоја од Охрид било упатено на КАРИЛ исто поради компликации од дијабет. Уште две други деца од внатрешноста завршиле на клиника во Скопје поради дијабет, кој претходно воопшто не бил констатиран. Сите се прашуваат која е причината за појава на дијабет кај најмлдата популација, велат охридските педијатри. Матичните лекари велат се почесто има мали пациенти со ова заболување. Стравуваат дека нивниот број допрва ќе расте. Очекуваат…

Јул 26, 2018

ОК ВМРО ДПМНЕ: Градоначалникот лично да им го објасни на граѓаните режимот на сообраќај

Општина Охрид не оди кон светла иднина, нема јасна цел и стратегија. СДСМ не води транспарантен процес на донесување одлуки почитувајќи ги интересите на граѓаните, обвинија денеска на прес конференција од Ок на ВМРО ДПМНЕ. Ова ли е отворена и услужна Општина за сите, којашто ја ветувавте господине градоначалник Стојаноски?, праша портпаролот на огранокот Перчо Божиновски.„Свесно манипулирате со граѓаните дека претходно била проверена микро-студијата за сообраќај во централното градско подрачје. Лажно се затскривате зад статусот на Охрид под УНЕСКО за кој лично за жал не можете да го гаранти…

Сеп 16, 2021

Денес во Охрид сончево време, од сабота дожд и грмежи

Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 28. степени. – Од утре ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер претежно од западен правец. Од сабота ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со локален пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР. 
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top